среда, септември 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска на UNECE Resource Management Week 2026: Инклузивната транзиција и одржливото управување со ресурси се темел на идната енергетска политика

by Redakcija
28.04.2026
in Економија, Топ Вести

Присуството и учеството на Македонија на UNECE Resource Management Week 2026 уште еднаш ја потврдија стратешката позиција на државата како сигурен и кредибилен партнер во светските енергетски текови, активно придонесувајќи кон обликувањето на меѓународните политики за одржлив развој и енергетска транзиција.

Во рамки на настанот, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на високопрофилен панел насловен „Social Engines of Sustainable Resource Management: Gender Equality, Intergenerational Justice, and why Extractive Legacies Matter“, каде испрати силни пораки за праведна, инклузивна и одржлива енергетска трансформација.

Во своето обраќање, Божиновска истакна дека присуството на Македонија на овој значаен меѓународен форум претставува потврда за нејзината активна улога во глобалните процеси, додека учесниците посебно ја поздравија професионалната и беспрекорна организација на 14-тиот Меѓународен форум за енергија и одржлив развој во Скопје, оценувајќи го како пример за успешно организирана меѓународна конференција од која произлегуваат нови партнерства и конкретни активности.

Божиновска нагласи дека енергетската транзиција не е само технолошки процес, туку длабока општествена трансформација која мора да се темели на еднаквост, инклузија и меѓугенерациска одговорност. Таа подвлече дека родовата еднаквост и балансот меѓу генерациите не се споредни прашања, туку суштински двигатели на одржливото управување со ресурси и енергетскиот развој.

Во своето излагање, министерката се осврна и на улогата на жените и младите во енергетскиот сектор, нагласувајќи дека иднината на индустријата ќе биде поуспешна, поиновативна и поотпорна доколку овие групи се целосно вклучени во процесите на одлучување и креирање политики. 

„Кога зборуваме за енергетска транзиција, зборуваме за луѓе, за можности и за праведност. Жените и младите не се само учесници во овој процес, тие се негови носители“, истакна таа, додавајќи дека вистинскиот напредок започнува кога талентот, а не полот или возраста, е критериум за успех.

Посебен акцент беше ставен и на концептот на меѓугенерациска правда, при што Божиновска нагласи дека денешните политики мора да обезбедат долгорочна одржливост и одговорно користење на природните ресурси, со цел идните генерации да имаат повеќе, а не помалку можности. Таа посочи дека Министерството веќе активно соработува со универзитети и млади професионалци преку практикантства, партнерства и институционално вклучување, при што значителен дел од кадарот се млади луѓе, што претставува јасна насока кон инвестирање во иднината. Да создадеме систем кој не е товар за утрешнината, туку основа за нејзин развој, рече Божиновска. 

Божиновска истакна дека одржливото управување со ресурси бара заедничка акција и силна меѓународна соработка, оценувајќи дека ниту една држава не може самостојно да се справи со предизвиците на енергетската транзиција. Во таа насока, таа потенцираше дека Македонија останува посветена на интеграција во европските и глобалните енергетски текови, развој на обновливи извори на енергија и зајакнување на институционалните капацитети за транспарентно и одржливо управување.

„Одржливоста не е крајна цел, туку континуиран процес кој бара визија, храброст и партнерство“, порача министерката, додавајќи дека вистинската сила на енергетската транзиција лежи во луѓето, во нивната еднаквост и во заедничката одговорност за иднината.

Со ова учество, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата определба за активно учество во глобалните процеси за одржливо управување со ресурси, праведна енергетска транзиција и унапредување на меѓународната соработка во енергетскиот сектор.

…

Related Posts

Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,19 отсто, најголем промет со акциите на Алкалоид

16.09.2026

Николоски: Македонија е централна транзитна држава на европскиот транспорт

16.09.2026

Коњановски: Битола е горда со младиот спасител Михаил Николовски

16.09.2026

Божиновска: Австриските компании се добредојдени во новиот инвестициски циклус во македонската енергетика

16.09.2026

Коњановски: Со Европската недела на мобилност до побезбедна и попристапна Битола

16.09.2026

Стентон Градба дел од меѓународната конференција EUROCK 2026 во Скопје

16.09.2026

Препорачани Вести

Македонската берза речиси без промена: МБИ10 намален за 0,10 поени, најтргувани акциите на Алкалоид

2 недели ago

ВИДЕО: На скопјанец му влегла змија во дневната соба, сега тој седи надвор, а змијата внатре

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Дизелот во САД со рекордни цени: Трамп бара Зеленски да ги запре нападите врз руската енергетика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД го менуваат пристапот кон Балканот: Македонија добива важна улога во енергетиката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова надеж за примирје: Русија и Украина се согласија да ги запрат нападите врз енергетиката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Немири во Хаг по пресудите за поранешните лидери на ОВК, полицијата апсеше демонстранти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,19 отсто, најголем промет со акциите на Алкалоид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.