недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ИСОС ја најавува третата регионална конференција посветена на иднината на сметководствената професија

by Redakcija
28.04.2026
in Македонија

Во организација на ИСОС – Институтот на сметководители и овластени сметководители, на 6 мај 2026 година во Скопје ќе се одржи третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, под мотото: „Генерација со визија – Професија со иднина“.

Конференцијата се очекува да обедини околу 500 сметководители и овластени сметководители од земјава и регионот. Ќе учествуваат и претставници од институциите, академската заедница, деловниот сектор, како и меѓународни организации и професионални тела, вклучително и претставници на Меѓународната федерација на сметководители (IFAC) и CFE Tax AdvisorsEurope, со цел отворање на суштински дијалог за иднината на сметководствената професија.

Програмата на годинешната конференција вклучува повеќе панел-дискусии и тематски сесии, а фокусот е ставен на трансформацијата на професијата во услови на засилена дигитализација, новите регулаторни барања и зголемена потреба од доверба и транспарентност. Посебен акцент ќе биде ставен на улогата на младите како двигатели на идните промени во професијата.

Една од новините на овој регионален собир ќе биде иСаемот за дигитализација, наменет за презентација на современи софтверски решенија и алатки за унапредување на сметководствената професија.

„Третата регионална конференција е логично продолжение на нашата стратешка определба да ја развиваме професијата во чекор со глобалните трендови, но и да ја направиме поатрактивна за младите. Денес сметководството не е само работа со бројки, тоа е професија што гради доверба, поддржува одлуки и има директно влијание врз економијата. Токму затоа, оваа година посебен фокус ставаме на новите генерации, на технологијата и на иднината на професијата“, изјави претседателката на ИСОС, Весна Прентоска.

Во рамки на конференцијата ќе биде презентиран и студентскиот проект: видео подкастот „Повеќе од само бројки“, иницијатива која произлезе од претходното издание на конференцијата и има за цел да ја доближи професијата до младите.

„Целта на подкастот ‘Повеќе од само бројки’ е да гоприкаже сметководството од поинаква перспектива, како динамична и современа професија. Преку разговори со практичари и експерти, сакаме да ги разбиеме стереотипите и да покажеме дека оваа професија нудистабилност, развој и реални кариерни можности“, истакна Моника Митреска, координаторка на студентскиот проект.

Конференцијата ќе ја отвори претседателката на ИСОС, заедно со високи претставници на Владата, со што ќе се потврди улогата и значењето на сметководствената професија за економскиот систем и општеството во целина.

Со оваа конференција ИСОС продолжува да ја зацврстува својата позиција како клучен двигател на развојот, модернизацијата и меѓународната афирмација на сметководствената професија, со јасен фокус на иднината и новите генерации.

Агендата на конференцијата е достапна на веб-страницатана ИСОС – isos.mk

…

Related Posts

Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

19.09.2026

Голема промена на МРТ 3: Третиот канал добива нов концепт и нова публика

19.09.2026

Засилено се одвива изградбата на железничката пруга на делницата Бељаковце – Крива Паланка, која е дел од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија.

18.09.2026

Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

18.09.2026

Мицкоски: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

19.09.2026

Шпанија со 250 илјади евра ќе помогне за новите објекти на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование

18.09.2026

Препорачани Вести

Безбедно неутрализирани граната, мина и рачни бомби во Крагуевац

Безбедно неутрализирани граната, мина и рачни бомби во Крагуевац

5 месеци ago

Акција на полицијата во Скопје – Претрес и апсење

22 часа ago

Популарни Вести

  • Меџити најави концерт на Рона Нишлиу во Чаир за ноемвриските празници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Речиси 20 години стари автомобили се возат по македонските патишта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Месечината откриен огромен нов кратер: Ударот се случил во 2024 година, а никој не го забележал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Овие уреди ви ја зголемуваат сметката за струја: Електричар советува што да исклучувате

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Под Европа откриен древен супервулкан: Откриено дали сè уште може да еруптира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.