сабота, ноември 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Спорт

Контролен меч во Стара Пазова: Македонската У18 репрезентација ќе игра против Србија како дел од подготовките за УЕФА циклусот

by Redakcija
28.04.2026
in Спорт
Контролен меч во Стара Пазова: Македонската У18 репрезентација ќе игра против Србија како дел од подготовките за УЕФА циклусот

Македонската репрезентација до 18 години на 30 април ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија, кој ќе се одржи во Стара Пазова, со почеток во 12:00 часот.

Овој пријателски дуел претставува уште една важна проверка за младите македонски фудбалери, во период кога тимот полека се подготвува за вклучување во новиот натпреварувачки циклус под капата на УЕФА. Од септември, оваа генерација ќе се натпреварува во квалификациите за пласман на Европско првенство за селекции до 19 години.

Селекторот Димитар Капинковски за ова гостување во Србија одбра состав од 19 фудбалери, сите од домашното првенство. Поради клупски обврски, дел од играчите не беа во можност да се стават на располагање, па списокот не го опфаќа целокупниот потенцијал на генерацијата.

Во ростерот се вклучени двајца голмани: Александар Трајков (АП Брера) и Антони Трајковски (Вардар).

Одбранбената линија ја сочинуваат Стефан Секирски (Новаци), Виктор Мачовски, Андреј Димовски (двајцата од АП Брера), Цека Назиф (Шкендија), како и Стефан Јорданоски и Стефан Стаматоски (Вардар).

Средниот ред е најбројната линија со Славчо Мисајловски (Тетекс), Јован Мрмачовски (Пелистер), Бојан Велков и Габриел Талески (АП Брера), Давид Ангелески (Пелистер) и Флори Иљази (Шкендија).

Во нападот Капинковски смета на Иво Марковски (Вардар), Дамјан Буцевски (Македонија ЃП), Матеј Сејменов и Иван Танчев (АП Брера), како и Мартин Џангаровски (Македонија ЃП).

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Кејн останува во Минхен: Баерн го задржува својот голгетер до 2029 година

05.11.2026

Од интернет-мем до раскинати договори: Мбапе предизвика реакции во Кина

27.10.2026
Волкановски испиша историја во UFC: Го запре непоразениот Евлоев и го надмина Жозе Алдо

Волкановски испиша историја во UFC: Го запре непоразениот Евлоев и го надмина Жозе Алдо

25.10.2026

Роналдо казнет со 255 евра – сума што ја заработува за неколку секунди

20.10.2026

Стадион со ролеркостер: Швајцарски клуб претстави проект вреден стотици милиони евра

14.10.2026

Меси во солзи го одигра последниот меч за Аргентина: Крај на една ера

07.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

nis petrol

Крај на неизвесноста: МОЛ го презема НИС, Мали отвора нова ера за српската енергетика

10 месеци ago

ВРЕДИ бара целосна истрага по пронајдените 350 илјади евра кај судијата Ристов

10 месеци ago

Популарни Вести

  • Жителка од Тетовско лишена од слобода откако, викала и ги омаловажувала полицајците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Подземни „ракетни градови“ и најава за ново оружје: Што тврди иранската гарда?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кличко ги повика жителите на Киев да се подготват и за најлошото сценарио зимава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фиктивни кредити на име на штедачи: Обвинителството води постапка против раководителка на штедилница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали мора да појадувате пред првото кафе? Што велат од Клиниката Кливленд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.