среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Побезбеден пат до Солун: Започна проширувањето на делницата Евзони

by Redakcija
28.04.2026
in Балкан
Побезбеден пат до Солун: Започна проширувањето на делницата Евзони

Проблематичната делница меѓу Евзони и Солун, позната по честите сообраќајни несреќи и тесниот профил, конечно добива нов лик. Грчките власти започнаа обемен инфраструктурен проект со кој овој пат ќе биде целосно реконструиран и проширен во современ автопат, со цел значително да се подобри безбедноста и протокот на возила.

Станува збор за една од најоптоварените копнени врски кон Грција, особено за патниците од Балканот кои преку граничниот премин Евзони се упатуваат кон Солун, Халкидики и јужните делови на земјата. Со години, оваа рута беше означувана како ризична, со бројни сериозни несреќи, недоволна сигнализација и отсуство на основна инфраструктура како осветлување и физичко раздвојување на сообраќајот.

Градежните работи официјално започнаа во февруари 2026 година. На терен се ангажирани стотици работници и механизација, а во моментов се активни неколку градилишта долж трасата. Централниот сегмент на проектот е делницата Халастра–Поликастро, долга околу 44 километри, која досега функционираше со по една лента во секој правец и без средишна бариера.

Планот предвидува изградба на автопат со по две ленти во секој правец, како и дополнителна застанувачка лента. Сообраќајот ќе биде физички одвоен со централно острово, а ќе се изврши и комплетна замена на асфалтот. Во рамки на модернизацијата ќе се реконструираат мостови, ќе се постави нова вертикална и хоризонтална сигнализација, заштитни огради и современо осветлување.

Освен основната патна инфраструктура, проектот опфаќа и изградба на придружни содржини. Планирани се повеќе сервисни зони со бензински станици и угостителски објекти, како и одморишта и паркинзи за патниците.

Иако официјалниот рок за завршување е 2031 година, дел од проценките укажуваат дека, поради поволниот терен, изградбата може да се одвива побрзо од предвиденото.

Паралелно со ова, се најавува и проширување на капацитетите на граничниот премин Евзони, со значајна инвестиција која треба да го намали времето на чекање и да го подобри протокот на патници.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Завршува тригодишниот процес во Хаг: На 16 септември пресуда за Хашим Тачи и поранешниот врв на ОВК

Хашим Тачи доби нова затворска казна во Хаг

18.11.2026

Колку се казните за зимска опрема на Балканот? Во Македонија 45 евра, во Црна Гора 150 евра

17.11.2026

Јогурт врз Лидија Вукиќевиќ: Инцидент пред конститутивната седница на српското Собрание

17.11.2026

ВИДЕО: Се урна воен авион во Србија: Станува збор за борбен авион „МиГ-29“

17.11.2026
Три автомобили опожарени за само три часа во Скопје

Горат автомобили и локали во Белград: Се проверуваат сомнежи за организирано рекетирање

16.11.2026
Истрага за брутално убиство во Србија: Пронајдено тело во буре, уапсени 10 лица меѓу кои и полициски началник

Уапсен 19-годишен Македонец во Белград: Осомничен дека пукал во поранешен водач на навивачите на Партизан

16.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

3 недели ago
Мицкоски: Се водат преговори за надминување на пречките со ЕЕС системот

Мицкоски: Се водат преговори за надминување на пречките со ЕЕС системот

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија меѓу земјите со важни наоѓалишта на критични минерали, ЕУ ја препознава стратешката вредност на бакарот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ле Пен ветува пензионирање на 60 години: Најави и нов пензиски фонд од 900 милијарди евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крај за рампите на патарините во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Вештачката интелегенција е придобивка која мора да ја искористиме – работиме на напредни дигитални системи за конкретни придобивки на граѓаните и бизнисот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.