сабота, октомври 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Претприемачкиот дух е клучен за развојот на Битола

by Redakcija
04.05.2026
in Република

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска имаше поздравно обраќање на Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, по повод почетокот на претприемачката недела насловена „Се развиваме заедно“.

Настанот, кој ќе трае до сабота, има за цел да ги поттикне младите да развиваат стартапи и да придонесат во унапредување на малите и средни претпријатија. Во рамки на неделата, учесниците ќе работат во тимови, а на крајот ќе ги презентираат своите идеи и резултати.

Во своето обраќање, Коњановски истакна дека на Општина Битола, како и на локалните компании и јавни претпријатија, им се потребни луѓе со претприемачки дух, визија и подготвеност да бидат дел од современите текови.

„Потребни ни се кадри кои размислуваат иновативно и имаат храброст да создаваат нови вредности. Само така можеме да изградиме посилна и поконкурентна локална економија“, нагласи Коњановски.

Тој изрази уверување дека ваквите иницијативи ќе ги охрабрат младите да го препознаат сопствениот потенцијал и да го насочат кон реализација на нови и иновативни решенија кои ќе придонесат за подобрување на секојдневието и иднината.

Претприемачката недела „Се развиваме заедно“ претставува платформа за размена на идеи, знаење и искуства, со фокус на развој на претприемништвото и поддршка на младите во нивните бизнис иницијативи.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Проданоски: 23 Октомври е симбол на македонската чест, непокор и национална гордост

23.10.2026

Коњановски: Борбата на македонските револуционери е пример и обврска да создаваме подобра иднина

23.10.2026
Прекин на водоснабдување на булевар „Илинден“ во Карпош поради дефект на цевка

Зошто водата во Тетово повремено има специфичен мирис? Објаснување од ЈКП „Шар“

22.10.2026

ЈКП „Шар“: Известување за прекин на водоснабдувањето во дел од Тетово

22.10.2026

Коњановски: Битола и Херцег Нови одбележуваат 50 години пријателство, продолжуваме да градиме мостови на соработка

22.10.2026

Утре без струја повеќе делови од Тетово и околината: Прекини и на Попова Шапка

21.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Пресврт што ќе го разбесни Путин: Ова е досега најсилниот удар врз Москва

2 недели ago

Милко со промоција на EP-то „Последен ден“ на 7 март во клубот Ѕе

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Паника во училиштата низ Хрватска: Дојави за експлозиви ја прекинаа наставата

    Хрватска би можела да остане без 327.000 работници: Расте потребата од работна сила од странство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп: Можеме да ја преземеме целата иранска нафта, па дури и целата земја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ сака отворањето фирма да чини до 100 евра – што предвидуваат новите правила?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секој месец ново поскапување: Што покажуваат податоците за горивата во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викендот носи финансиско изненадување: Кој ќе заработи, а кој ќе ја плати целата сметка на 24 октомври?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.