петок, октомври 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Вински фестивал за првпат во Битола – нова туристичка атракција за градот

by Redakcija
05.05.2026
in Република

Битола од 7 до 9 мај ќе биде домаќин на првото издание на Винскиот фестивал, кој ќе се одржи на платото пред Офицерски дом, најави градоначалникот Тони Коњановски.

Фестивалот ќе понуди спој на вино, музика и урбано дружење, со цел дополнително да се збогати културната понуда на градот и да се привлечат посетители од земјата и регионот.

„Очекувам прекрасни фестивалски денови, се надевам дека и времето ќе нè послужи. Со ова Битола уште еднаш се етаблира на туристичката мапа на Македонија како град на културата, отворен за посетители кои ги очекуваме во голем број, со една новина – Винскиот фестивал“, изјави Коњановски.

Програмата на фестивалот е конципирана како спој на различни музички жанрови и генерации. На сцената пред Офицерски дом ќе настапат повеќе домашни изведувачи, меѓу кои резидент диџеј, B52, „Пауза за ракија“, DJ Александар Јорданов, „Lockdown“, „Оркестар DIVA“, DJ Гоце Саф, „Zdrave Music“, „Љубојна“ и „Паркети“.

Покрај овој нов фестивал, беше најавено и дека Културниот и информативен центар – Битола (КИЦ Битола) годинава за првпат ќе биде организатор на Битолското културно лето „Битфест“, кое ќе се одржи по 18-ти пат.

Досега организатор на „Битфест“ беше Општина Битола во соработка со културните институции, а годинава КИЦ Битола ќе ја преземе улогата на организатор и реализатор на овој значаен културен настан.

Со новите содржини и настани, Битола продолжува да го развива својот културен идентитет и да се позиционира како една од водечките туристички и фестивалски дестинации во земјата.

…

Related Posts

„Safe City“ се шири во два нови градови – Повеќе од 40 точки ќе бидат под надзор

02.10.2026

Коњановски: Битола покажа дека живее за спортот и за големите натпревари

02.10.2026

Проданоски: Знаењето и енергијата на студентите се важни за иднината на Прилеп

01.10.2026

Коњановски на првиот академски час: Битола и УКЛО создаваат нови можности за студентите

01.10.2026

Прилеп слави 85 години од 11 Октомври: Богата програма од денеска до 3 ноември

01.10.2026

Општина Битола: Потпишан Меморандум за соработка меѓу индустриските зони од Западен Балкан и ЕУ

01.10.2026

Препорачани Вести

Паѓаат цените на нафтата пред нуклеарните преговори САД-Иран

8 месеци ago
Научниците создадоа „суперчелик“: Издржлив метал отпорен на притисок и корозија

Научниците создадоа „суперчелик“: Издржлив метал отпорен на притисок и корозија

6 месеци ago

Популарни Вести

  • „Битола, благодарам!“: Таневски испрати порака по натпреварот на младата репрезентација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски: Путин ќе ја засилува ескалацијата како што се приближуваат изборите во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Доаѓаат милиони барели дизел – Ќе падне ли цената на горивото?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Safe City“ се шири во два нови градови – Повеќе од 40 точки ќе бидат под надзор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На повидок штрајкови во Германија – Фолксваген раскина 10 колективни договори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.