среда, септември 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Полициски службеници од Кочани виновни за пропусти во контроли на дискотеката „Пулс“

by Redakcija
05.05.2026
in Македонија

Основниот кривичен суд во Скопје денеска донесе пресуда со која тројца полициски службеници од Кочани и нивниот командир се прогласени за виновни за злоупотреба на службената положба, во случај поврзан со постапувања околу контроли во угостителски објекти.

Судот изрече условни казни за сите обвинети: Кире Богатинов и Горан Лазаров добија по една година затвор, додека командирот на Полициската станица во Кочани, Александар Темелков, беше осуден на условна казна од две години. Казните нема да се извршат доколку во следните четири години не сторат ново кривично дело.

Ниту обвинетите, ниту нивните бранители не се појавија на изрекувањето на пресудата, што денеска се одржа во Кривичниот суд.

Образложувајќи ја одлуката, судијката Лидија Петровска посочи дека судот ги зел предвид како олеснителни околности нивното претходно неосудувано однесување, семејниот статус, како и фактот дека од нивните постапки не произлегла директна и непосредна штета поврзана со пожарот во дискотеката „Пулс“.

Во своето образложение, судот нагласи дека обвинетите формално ги извршувале службените обврски, но суштински ја пропуштиле нивната цел. „Кога постапувањето останува само на хартија, без реален ефект, тоа не може да се смета за извршена должност“, истакна судијката, додавајќи дека токму таквиот пристап овозможил да не биде поведена прекршочна постапка против одговорните лица во случајот.

Според судот, ваквото постапување довело до ситуација во која одредени субјекти биле практично ставени во поповолна положба, овозможувајќи им корист преку неповедување на законски постапки. Петровска нагласи дека правната држава се потпира на суштинско, а не формално спроведување на законот.

Во однос на двајцата службеници задолжени за теренските контроли, судот утврдил дека тие, и покрај утврдени неправилности, не ги идентификувале точно правните и одговорните лица во објектот кој бил предмет на надзор. Наместо проверка во официјална документација, во записниците биле внесени информации базирани на претпоставки и неформални сознанија, што довело до насочување на постапката кон погрешен субјект.

За командирот Александар Темелков, судот оцени дека имал пристап до релевантни податоци и документи од Министерството за економија, од кои можело точно да се утврди кој го врши дејноста. И покрај тоа, тој одобрил понатамошно постапување против лице кое во моментот не било носител на дејноста.

Сите обвинети се задолжени и да ги надоместат судските трошоци во износ од по 7.000 денари.

Пресудата не е правосилна и против неа е дозволена жалба до Апелациониот суд во Скопје.

Во завршните зборови на процесот, Обвинителството бараше осудителни пресуди, оценувајќи дека станува збор за неизвршување на службени должности, додека одбраната инсистираше на ослободување, тврдејќи дека вината не е докажана.

…

Related Posts

Николоски: Одржливиот транспорт и зелената транзиција ја прават Македонија лидер во регионот

09.09.2026

Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е од клучно значење за безбедноста и стабилноста на регионот

09.09.2026

Две линии дневно: Повеќе летови од Скопје кон Белград во зимската сезона

09.09.2026

ПИСА ги откри слабостите: Учениците од Македонија заостануваат во сите три области

09.09.2026

Рубио со честитка за 35 години независност: „САД се горди што стојат покрај Северна Македонија“

08.09.2026

ВЛЕН: Македонија создава подобри услови за инвестиции и нови работни места

08.09.2026

Препорачани Вести

Роботите веќе работат наместо луѓе: Кинеска компанија ја менува индустријата

Роботите веќе работат наместо луѓе: Кинеска компанија ја менува индустријата

5 месеци ago

Скандал: Македонците во областа Голо Брдо остана без матична служба

7 месеци ago

Популарни Вести

  • БЕЗ СТРУЈА УТРЕ ПОВЕЌЕ СКОПСКИ НАСЕЛБИ – ЕВН НАЈАВИ ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ НА 10 СЕПТЕМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска на важна енергетска средба со американската амбасадорка во Грција Гилфојл

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајниот систем со кој милиони од дрога се префрлале низ светот: Полицијата ја разби „Дубаи Банка“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Сниман како фрла ѓубре во Радика: Маж го испразнил возилото на мостот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Роботи наместо војници? Кина истражува хуманоиди за борбени мисии и операции зад непријателските линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.