вторник, ноември 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Условни казни за полицајците во случајот „Пулс“ – судот утврди злоупотреба на службената должност

by Redakcija
05.05.2026
in Македонија

Скопје, 5 мај 2026 – Основниот суд донесе неправосилна пресуда со која тројца полицајци се прогласени за виновни за злоупотреба на службената положба поврзана со работењето на дискотеката „Пулс“.

Судијката Лидија Петровска при објавата на пресудата истакна дека обвинетите Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков постапувале спротивно на законските обврски, внесувајќи неточни податоци во службени записници. Наместо да ги евидентираат прекршоците кај активната фирма „ММММ Кафе ДООЕЛ“ од Кочани и одговорното лице Митко Стојанов, тие ги заведувале кај неактивната „Класик ДМ ДООЕЛ“.

Судот им изрече условни казни затвор. Богатинов и Лазаров добија по една година затвор, која нема да се изврши доколку во следните три години не сторат ново кривично дело. Темелков доби условна казна од две години затвор со рок на проверка од четири години.

На објавувањето на пресудата не присуствуваа обвинетите ниту нивните бранители, а во судницата беше присутна само обвинителката Спасенка Андонова, покрај новинарските екипи.

Судијката Петровска нагласи дека станува збор за сериозни пропусти, а не за формални грешки, потенцирајќи дека правилното утврдување на субјектот на прекршок е клучен елемент во постапувањето.

Ова е првиот предмет поврзан со дискотеката „Пулс“ кој доби судска разрешница, иако пресудата сè уште не е правосилна. Обвинетите имаат право на жалба до Апелацискиот суд, а дополнително им е изречена обврска да платат судски трошоци во износ од по 7.000 денари.

Покрај овој случај, дел од обвинетите се опфатени и со други постапки што ги води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Во еден од предметите, кој неодамна започна, се обвинети 13 полицајци за пропусти при акциска контрола на угостителски објекти, при што не биле преземени мерки за безбедност и спречување на користење непријавена пиротехника.

Во друг предмет, Темелков е дел од обвинение против деветмина полицајци за пропусти при давање согласност за издавање лиценца на дискотеката, и покрај тоа што објектот не ги исполнувал потребните услови.

Во најобемниот случај поврзан со „Пулс“, обвинети се 35 лица и три компании. Судската постапка е во тек, со изведување на материјални докази, а поради сложеноста се очекува да трае подолг временски период. Во текот на мај се закажани шест нови рочишта.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Трамп предложи нова амбасадорка на САД во Македонија

10.11.2026

Божиновска: Со 15 стипендии ги поддржуваме идните инженери во македонската енергетика

09.11.2026

Европа нагло закочи со станбените кредити. Колку брзо трендот може да стигне во Македонија?

09.11.2026

Мицкоски: „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија

10.11.2026

Убави вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло

09.11.2026

Нови правила за боледување од 1 декември: Што се менува за пациентите?

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Ден на жал и сеќавање: 22 години од смртта на Борис Трајковски

Ден на жал и сеќавање: 22 години од смртта на Борис Трајковски

9 месеци ago

Делчевчанка осомничена за злоупотреба на сметката на нејзиниот починат сопруг

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Славески: Се олеснува пристапот до средствата на клиентите на „АЛТА банка“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Илинден“ од Тирана и Европскиот центар за малцинства разговараа за правата на Македонците во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Безбеден град“ во Струмица од декември: Кога ќе следуваат Штип и Битола?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама во пријавата за туристички комплекси: Албанското Специјално обвинителство проверува како биле одобрени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп предложи нова амбасадорка на САД во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.