петок, октомври 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Започна Интрадеј пазарот на МЕМО – нова фаза во развојот на македонскиот електроенергетски систем

by Redakcija
06.05.2026
in Економија, Топ Вести

Со официјалното започнување на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market), Македонија прави значаен исчекор кон целосна либерализација, модернизација и европска интеграција на електроенергетскиот пазар. Настанот, организиран од Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, се одржа во присуство на високи владини претставници, институции, енергетски компании и меѓународни партнери.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во своето обраќање истакна дека воспоставувањето на Интрадеј пазарот претставува нова фаза во развојот на националниот електроенергетски систем и клучен механизам за зголемување на неговата флексибилност и ефикасност.

„Овој процес во минатото беше сериозно забавен поради институционални слабости и недостаток на стратешки фокус. Со јасна политичка волја, силна координација и посветена работа на сите институции, успеавме да го откочиме и да го реализираме овој важен сегмент од пазарот“, истакна Божиновска.

Таа нагласи дека Интрадеј пазарот овозможува управување со електричната енергија во реално време, што е од особено значење во услови на динамичен енергетски систем.

„Во време кога секој мегават-час е важен, овој пазар претставува сигурносен механизам кој носи флексибилност и стабилност. Компаниите добиваат можност да ги прилагодуваат своите позиции непосредно пред испораката, да ги намалат трошоците за дебаланс и поефикасно да управуваат со производството и потрошувачката“, потенцираше министерката.

Божиновска истакна дека новиот пазарен сегмент има клучна улога и во процесот на енергетска транзиција, особено во интеграцијата на обновливите извори на енергија.

„Со Интрадеј механизмот, варијабилноста на сонцето и ветерот повеќе не претставува ризик, туку можност за развој. Ова е важен чекор кон зелена, одржлива и конкурентна енергетика“, рече таа.

Министерката потенцираше дека ова не е крајна цел, туку почеток на следната фаза – целосна интеграција на македонскиот пазар со европскиот.

„Веќе од утре, фокусот го насочуваме кон пазарно поврзување (Market Coupling) со соседните земји, што ќе обезбеди поголема ликвидност, пофер ценовни сигнали и дополнителна заштита на домашните компании од трошоците поврзани со ЕУ механизмите, вклучително и CBAM“, истакна Божиновска.

Воедно, таа нагласи дека Министерството останува силно посветено на зајакнување на институционалните капацитети, унапредување на регулаторната рамка и поттикнување на инвестициите во енергетската инфраструктура и обновливите извори.

Министерството упати благодарност до МЕМО за нивната посветеност, како и до стратешките партнери – словенечката берза BSP и Енергетската заедница, чија експертиза и поддршка беа клучни за реализацијата на овој проект.

Настанот беше отворен со обраќање на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој истакна дека воспоставувањето на Интрадеј пазарот е доказ за конкретни реформи и јасна визија во енергетскиот сектор.

Генералниот директор на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, нагласи дека со воведувањето на овој пазар, македонскиот електроенергетски систем добива способност за функционирање во реално време, со јасни ценовни сигнали и подобро управување со ресурсите.

На настанот се обратија и претставници од меѓународните партнери, кои ја истакнаа важноста од овој чекор за регионалната интеграција и европската енергетска поврзаност.

Со воспоставувањето на Интрадеј пазарот, Македонија дополнително ја зацврстува својата позиција како активен и кредибилен партнер во европскиот енергетски систем, отворајќи нова фаза на развој, конкурентност и одржливост во секторот.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Општина Битола: Заедно со граѓаните го креираме буџетот за 2027 година

16.10.2026
Николоски: „Раст од 40% на градежните активности на автопатите, капиталните инвестиции над 70% реализација“

Николоски: Планираме реконструкција и електрификација на пругата Велес – Битола и набавка на околу 9 патнички возови и 5 електрични локомотиви

16.10.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,54 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

15.10.2026

Божиновска: Сакаме инвестиции со јасни правила и реални придобивки за граѓаните

15.10.2026

Коњановски: Голема вест за Битола – „Кромберг и Шуберт“ планира 2.000 нови вработувања

15.10.2026

Еврото на најниско ниво во 16 месеци: Што се случува со европската валута?

15.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Кинески културно-уметнички концерт во Охрид, „флеш-моб“ изведби наскоро во Скопје и во Битола

Кинески културно-уметнички концерт во Охрид, „флеш-моб“ изведби наскоро во Скопје и во Битола

8 месеци ago

Објавена мапа: Еве каде во Грција е забележана опасната „риба зајак“

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Ноќ на пожари во Скопје: Гореле автомобили во Ѓорче Петров и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Романија бара помош од НАТО по нападите врз бродови во Црното Море

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали „Сеат“ ќе исчезне од пазарот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Направи беља во Македонија, па бегај во Бугарија“: Остри реакции за Михајлова и во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Заедно со граѓаните го креираме буџетот за 2027 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.