среда, ноември 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: „Дома се гради иднината, не со јакнење на странските економии“

by Redakcija
07.05.2026
in Македонија
Мицкоски: „Дома се гради иднината, не со јакнење на странските економии“

На регионалната конференција посветена на демографската отпорност, што денеска се одржа во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски испрати порака дека државата се соочува со длабока демографска и општествена пресвртница, предупредувајќи дека иселувањето, падот на наталитетот и слабеењето на довербата во институциите повеќе не смеат да се набљудуваат како „суви статистички показатели“, туку како аларм за иднината на државата.

Во говор базиран на одговорноста на поединецот и односот кон државниот систем, Мицкоски оцени дека со години се креирале политики без суштинска стратегија, фокусирани на бројки наместо на луѓето. Според него, вистинската демографска обнова не започнува со административни мерки, туку со создавање чувство на припадност, перспектива и лична одговорност.

„Системот не е некој друг, системот сме сите ние“, порача премиерот, нагласувајќи дека не може истовремено да се очекуваат подобри услуги и институции, а притоа да се злоупотребуваат ресурсите и јавните фондови.

Посебен акцент стави на младите, кон кои упати директен апел иднината да не ја бараат надвор од земјата. Според него, краткорочната работа во странство и придонесувањето во туѓи економии не може да биде трајна животна стратегија ако паралелно се очекува домашниот систем да обезбеди сигурност, здравство и социјална заштита.

Мицкоски зборуваше и за, како што рече, неправдите што го разоруваат системот одвнатре: фиктивни прекувремени часови, злоупотреба на буџетски средства и однос во кој државата постојано се гледа како должник, а граѓаните како пасивни корисници.

Во дел од обраќањето, тој порача дека „дома треба да се сонува“, потенцирајќи дека иднината на државата може да се изгради само ако младите својата енергија, знаење и труд ги вложат во домашната економија.

Регионалната министерска конференција „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“ се одржа во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНФПА, под покровителство на Владата.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ЕК го нотира напредокот: Македонија ја забрзува енергетската транзиција

04.11.2026

Мицкоски: Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитет

04.11.2026

Планирате патување во Дубаи? Директните летови од Скопје се враќаат

04.11.2026

Возачите ги научиле камерите – МВР подготвува нов начин за снимање прекршоци

04.11.2026

Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

04.11.2026

Мицкоски: „Гересхајмер“ со нова инвестиција, нови капацитети и над 1.000 нови работни места

03.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Опасност од одрони во Матка: Внимателно движење по патеките

Опасност од одрони во Матка: Внимателно движење по патеките

8 месеци ago

Европската комисија повторно бара истрага за наводната употреба на звучен топ на протестите во Белград

10 месеци ago

Популарни Вести

  • ЕК го нотира напредокот: Македонија ја забрзува енергетската транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнал патници и возач во автобус, оштетил автомобил и нападнал полицајци – Приведен скопјанец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.