четврток, октомври 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Хајделберг факултет: Дуалното образование е клучот за поврзување на младите со компаниите и за создавање кадар подготвен за реалната економија

by Redakcija
11.05.2026
in Македонија

Скопје, 8 мај 2026 – Дуалното образование не е само образовен модел, туку стратешка инвестиција во иднината на младите, компаниите и македонската економија. Ова беше главната порака од форумската дебата „Дуално образование – врска меѓу компаниите и студентите“, што се одржа на Хајделберг факултет во Скопје, а каде учествуваа Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Димитар Клисаровски, потпретседател на Шведско-Македонската стопанска комора, Орце Симов, професор на Хајделберг Бизнис школа, Дарко Велков, извршен директор на вработување.мк, Сами Морина, член на Одборот на директори на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Антје Ванделт, делегат на AХK – Германско-Македонската економска асоцијација, Елиза Пренџов, претседател на Американско-балканската глобална стопанска комора и Бобан Попески, главен извршен директор на Локпорт Фајненс, САД.

Настанот отвори суштинска дискусија за едно од најважните прашања за иднината на земјата: како образованието да престане да создава само дипломи и да почне да создава млади луѓе подготвени за реалниот живот, за реалните компании и за пазар на труд кој се менува побрзо од кога било.

Проф. д-р Синиша Наумоски, генерален директор на Хајделберг, истакна дека суштинската мисијата на Хајделберг факултетот е да понуди образование кое ги поврзува академското знаење, практичната работа и директната соработка со компаниите: „Мора конечно да започнеме да создаваме млади луѓе подготвени за реалниот живот и за компаниите. Студентите на Хајделберг факултетот не се само слушатели во образовниот процес, туку партнери во модел кој им овозможува уште за време на студирањето да работат во компании, да стекнуваат искуство, да се развиваат професионално и да ја градат својата иднина дома. Најголемата инвестиција денес не се згради, автомобили или бројки на сметка. Најголемата инвестиција е образованието што можеме да им го дадеме на младите“, истакна Наумоски.

Централна тема на дискусијата беше прашањето што навистина бараат компаниите од младите. Работодавачите сè повеќе бараат млади луѓе со практични вештини, самостојност, комуникациска способност, критичко размислување, иницијатива и подготвеност за постојано учење.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, истакна дека дуалното образование е модел кој може да ја намали празнината меѓу она што го нуди формалното образование и она што го бара реалниот сектор: „Бизнисот бара вештини. Бизнисот бара употребна вредност што знае еден млад човек да направи кога ќе дојде на работното место. Ако сакаме државата да оди напред, мора да вложуваме во образованието“, порача Азески.

Младите не треба да влезат на пазарот на труд дури по дипломирањето, туку многу порано, преку пракса, менторство, реални задачи и директна работа со компании, а тука дуалното образование ја покажува својата најголема вредност, беше главната порака.

Според Дарко Велков, извршен директор на Вработување.мк, „работодавачите денес најмногу бараат способност за самостојно учење, комуникација на работното место и решавање проблеми. На факултет секој проблем има решение на крајот од книгата. На работа нема готови решенија, треба сам да ги најдеш. Токму затоа практичното искуство е клучно“, истакна Велков.

Од меѓународна перспектива, Бобан Попески, главен извршен директор на Локпорт Фајненс, САД, истакна дека глобалниот пазар веќе функционира според нови правила каде „вештачката интелигенција ќе автоматизира дел од задачите што денес се учат и работат, но човечките компетенции, комуникација, лидерство, продажба, носење одлуки под притисок и решавање комплексни ситуации, ќе останат пресудни. Тие што ќе почнат порано да работат, да грешат и да учат во реална средина, многу подобро ќе се снајдат во иднината. Во новата економија, покрај дипломата, искуството е пресудно“, порача Попески.

Антје Ванделт, делегат на AХK – Германско-Македонската економска асоцијација, го претстави германскиот модел на дуално образование како систем во кој компаниите, коморите и образовните институции заеднички ги градат наставните програми, стандардите за квалитет и практичната обука. „Иднината на образованието нема да биде во акумулирање информации. Информациите се достапни. Она што е потребно е младите да научат како да управуваат со информациите, како да ги користат технологиите и како да носат решенија“, истакна Ванделт.

Според Елиза Пренџов, претседател на Американско-балканската глобална стопанска комора, „Адаптабилноста, комуникацијата и способноста за професионално однесување во бизнис-средина се клучни. Практиката им помага на студентите да откријат каде се нивните таленти, каде имаат најголем интерес и во која насока можат најмногу да се развиваат“.

Панелистите се согласија дека Македонија има млади луѓе со потенцијал, но системот мора да им понуди повеќе можности, поголема поврзаност со компаниите и јасна перспектива за развој. Практиката, менторството и работното искуство за време на студирањето се клучни за младите да останат мотивирани, конкурентни и подготвени да градат кариера во земјата.

Заклучокот од дебатата е дека дуалното образование треба да стане пошироко применет модел, затоа што создава корист за сите страни: студентите добиваат знаење што веднаш може да се примени, компаниите добиваат кадар подготвен за реални работни процеси, а економијата добива основа за поголема продуктивност, иновации и конкурентност.

Хајделберг факултетот во Скопје, како прва високообразовна институција во Македонија и пошироко во регионот која системски го применува моделот на дуално образование, ја потврди својата улога како иницијатор на нов пристап во образованието – пристап во кој студентите учат, работат, стекнуваат искуство и се подготвуваат за иднина во која знаењето мора да биде поврзано со реалната економија.

Дуалното образование повеќе не е прашање на избор, туку потреба. Прашањето не е дали ни треба ваков модел, туку колку брзо и колку квалитетно можеме да го развиеме за да создадеме генерации кои ќе бидат подготвени да успеат – и дома и на глобалниот пазар.

За Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје

Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје е современа високообразовна институција која нуди германски модел на дуално образование, насочен кон практични вештини, вработливост и меѓународна конкурентност на студентите.

…

Related Posts

Николоски од Брисел: Ќе разговараме за големите инфраструктурни проекти и европската интеграција

30.09.2026
Жестоки реакции на македонските историчари за останките на цар Самоил: „Нема научен доказ дека коските се негови“

Жестоки реакции на македонските историчари за останките на цар Самоил: „Нема научен доказ дека коските се негови“

30.09.2026
Избрани претседатели на судовите во Гостивар, Дебар и Свети Николе, продолжува изборот за Скопје и Струга

Избрани претседатели на судовите во Гостивар, Дебар и Свети Николе, продолжува изборот за Скопје и Струга

30.09.2026

Андоновски од Импакт Букурешт: Со регионална соработка до повеќе инвестиции во вештачката интелигенција и подобра дигиталната инфраструктура

30.09.2026

Мицкоски бара разрешување на директорот и Управниот одбор по снимањето на „Секси мама“ во Македониумот

30.09.2026

Мицкоски: Инфлацијата е под контрола и под европскиот просек

30.09.2026

Препорачани Вести

Смирување на енергетските пазари: Цените на нафтата се стабилизираат по дипломатските сигнали

5 месеци ago

Општина Прилеп: „Сите на Велосипед 2026“ – 20 години јубилеј на велосипедската традиција

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски од Брисел: Ќе разговараме за големите инфраструктурни проекти и европската интеграција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ВО СРБИЈА: Уапсени две жени под сомнение дека предавале податоци за припадници на БИА на албанската разузнавачка служба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 2,60 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Зеленски: Украина вратила контрола врз 176 квадратни километри во операцијата „Вивалди“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Изгоре механизацијата на стадионот во Арачиново – градоначалникот Беќири: „Никој нема да нè запре, стадионот ќе се изгради“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.