сабота, ноември 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Почнува Самитот на Македонија2025: Вечерва свечен прием кај претседателката, утре стартува главната програма

by Redakcija
11.05.2026
in Економија

Почнува 15-тото издание на Самитот на Македонија2025, кој на 12 и 13 мај во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе обедини високи претставници од бизнис секторот, владата, меѓународните организации, академската заедница, инвеститорите, дијаспората и регионалните лидери.

Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, годинешниот Самит ќе отвори дискусии за економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и улогата на дијаспората во развојот на Македонија. Во фокусот ќе бидат и теми поврзани со лидерството, иновациите, иднината на институциите и регионалната соработка.

Свеченото отворање на Самитот е вечерва, 11 мај, во Кабинетот на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова. На приемот ќе присуствуваат членови на Одборот на Македонија2025, високи владини претставници, говорници, претставници на стопанските комори, дипломати, партнери испонзори. Во рамки на свеченоста ќе бидат доделени и признанија за припадници на дијаспората за нивниот особен придонес за развојот на Македонија.

Главната програма почнува утре, 12 мај, и ќе опфати клучни обраќања, панел-дискусии и интервјуа со домашни, регионални и меѓународни лидери. Програмата ќе биде отворена со обраќања на лидерството на Македонија2025, меѓу кои Виктор Мизо -претседавач на Одборот на директори, Мајк Зафировски -коосновач и проф. д-р Никица Мојсоска-Блажевски – извршна директорка на Македонија2025.

Во рамките на првиот ден од Самитот предвидено е да се обрати и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, а најавено е и учество на претставници на меѓународни организации, инвеститори и лидери од регионот и дијаспората.Меѓу говорниците и учесниците на Самитот ќе бидат истакнати имиња од бизнисот, финансиите, технологијата, дипломатијата и дијаспората, меѓу кои Живко Мукаетов, Волфганг Мајер, Светозар Јаневски, Огњен Лазиќ, Боријан Борозанов, ЕндрјуВробел, Том Клајн, Ана Арсов, Џон Битов, Кристофер Хил, Рон Томас, Тања Михајловска Димитриевска, Јордан Битов, Елизабет Наумовски, Кети Ицева, Војдан Карапетковски, Емил Христов,Саше Димитроф, Ѓорѓе Војновиќ, Митре Кутановски, Вал Јусуфии други.

Покрај официјалната програма, Самитот ќе понуди и можности за вмрежување и неформална размена меѓу учесниците, преку „Unwind Hour“ сесии и посебен настан за вмрежување предвиден за 12 мај.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

07.11.2026

Макпетрол со 28,7% поголема продажба, но 6,9% помала нето-добивка

07.11.2026

Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари, добрата цена мора да оди со висок квалитет

07.11.2026

ЕУ губи околу 59 милијарди евра годишно поради префрлање профит во даночни оази

06.11.2026

РУДАРСТВО.мк: По четири децении во Франција доделена прва рударска концесија

06.11.2026

ТИТАН Усје и ПМФ со нов меморандум ја продлабочуваат соработката во поддршка на науката и образованието

06.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Николоски: Автопатот Охрид–Кичево ќе биде завршен до крајот на годинава или почетокот на следната

6 месеци ago
Русија предупредува: Одлуката на ЕУ за рускиот гас може да донесе енергетски шок

Русија предупредува: Одлуката на ЕУ за рускиот гас може да донесе енергетски шок

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Италија планира казни до 160 евра за пребавно возење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шведска се враќа на книгите и тетратките: Помалку таблети, повеќе пишување со рака

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Паркинзи Битола“: Целиот приход од СМС-пораките на роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макпетрол со 28,7% поголема продажба, но 6,9% помала нето-добивка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.