сабота, ноември 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Повеќе должници и поголем долг: УЈП објави нова листа со 5.018 субјекти со долг од 197 милиони евра

by Redakcija
11.05.2026
in Економија

Долгот на фирми и граѓани кон Управата за јавни приходи повторно се зголемува, покажуваат најновите податоци од институцијата. Според ажурираната листа, вкупно 5.018 субјекти не ги подмириле своите обврски по основ на даноци, царини и акцизи заклучно со 31 јануари 2026 година, а рокот за плаќање бил до крајот на април.

Вкупниот нето-долг достигнува околу 197 милиони евра, односно 12.127.971.312 денари, што претставува пораст од 141,3 милиони денари во однос на претходната објава. Најголемиот дел од обврските се однесуваат на даноци и придонеси, кои изнесуваат 11.938.936.253 денари и бележат раст од над 131 милион денари. Дополнително, долгот по основ на царински давачки се искачува на 189.035.059 денари, што е зголемување од околу 10,3 милиони денари.

Во структурата на должниците, 1.954 се правни лица, што претставува мало зголемување, додека бројот на физички лица се намалил на 3.064. Најголем дел од листата се повторуваат должници од претходната објава – вкупно 4.811 субјекти.

Кај нив се забележуваат различни движења: над 3.000 должници го зголемиле својот долг за дополнителни 177 милиони денари, додека 262 успеале да го намалат за околу 207 милиони денари. За 1.458 должници состојбата останала непроменета.

Дополнително, на листата се појавуваат и 207 нови должници со вкупен долг од околу 418 милиони денари.

Од Управата за јавни приходи најавуваат дека во следната објава ќе бидат објавени и информации за мерките што се преземаат за наплата на долговите од наведените субјекти.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Речиси секој трет доселеник размислувал да ја напушти Германија: Што покажуваат бројките за македонските граѓани?

07.11.2026

Плаќате викендов? Банките најавуваат можни прекини пред новите правила од понеделник

07.11.2026

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

07.11.2026

Макпетрол со 28,7% поголема продажба, но 6,9% помала нето-добивка

07.11.2026

Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари, добрата цена мора да оди со висок квалитет

07.11.2026

ЕУ губи околу 59 милијарди евра годишно поради префрлање профит во даночни оази

06.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

crkva romanija

Романската патријаршија категорично против легализацијата на проституцијата

10 месеци ago
crkva bitola

Битола се подготвува за традиционалното спуштање на Светиот Крст за Богојавление

10 месеци ago

Популарни Вести

  • Франција може да стане последната пречка за влез на нови членки во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возач не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама вели дека Албанија не е Србија, во Тирана се изрекуваат казни за демонстрантите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До 20 милиони долари за информации – Што точно бара Вашингтон?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.