четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Раст од 11,43% на обновливите извори на енергија во 2025 година, покажува извештајот на РКЕ

by Redakcija
11.05.2026
in Економија

Раст од 11,43% на производството на електрична енергија од обновливи извори е регистриран во 2025 година во споредба со 2024 година, додека вкупното производство останува речиси непроменето и изнесува 6.123 GWh. Ова се наведува во Годишниот извештај за работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година.

Најзначаен раст е забележан кај ветерните електроцентрали, со зголемување од 32,50%, што претставува највисок пораст меѓу сите обновливи извори. Дополнително, за прв пат, производството на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали го надминало производството од комбинирани централи.

Во текот на 2025 година, РКЕ измени седум лиценци за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали, со што во системот се додадоа и складишта со вкупна инсталирана моќност од 7,1 MW. Според регулаторот, воведувањето на батериски системи за складирање претставува важен чекор за енергетската транзиција, овозможувајќи складирање на вишокот енергија и нејзино користење во периоди на зголемена побарувачка.

Претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, истакна дека ова ќе придонесе за поефикасно управување со системот и намалување на вкупните трошоци преку подобро користење на системските услуги.

Во 2025 година се издадени вкупно 236 лиценци во областа на електричната енергија, при што најголем дел се однесуваат на производство од обновливи извори. Според извештајот, континуираните инвестиции придонеле обновливите извори да достигнат 58,22% учество во вкупниот инсталиран капацитет во земјата.

Забележан е и раст на конкурентноста на пазарот, со активни 21 снабдувач, што придонело за подобри услови за потрошувачите. На берзата за електрична енергија се регистрирани 40 компании и истргувани 1.371 GWh, што претставува зголемување од 41% во однос на претходната година.

Во извештајот се нотира и забрзување на процесите за интеграција на домашниот пазар со регионалните пазари на електрична енергија, преку назначување на номиниран оператор на пазарот и приклучување кон регионалните механизми за пресметка на капацитети во Југоисточна Европа.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

04.11.2026

Шефот на АББ предупредува: Европа ризикува масовна невработеност, Германија мора да поведе со реформите

04.11.2026

Божиновска: Во Германија отвораме нови можности за инвестиции и посилна економска соработка

04.11.2026

Што се случува со заштедите ако банка ја изгуби дозволата? Еве колку може фондот да обесштети

04.11.2026

Нов раст на светските цени: Ќе поскапат ли горивата во Македонија?

04.11.2026

Народната банка: Граѓаните без картички од 5 ноември ќе можат да подигнат средства во Алта банка во Битола

04.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Шефот на иранската разузнавачка служба е убиен

7 месеци ago

(ВИДЕО) БУГАРИЈА ВЛЕЗЕ ВО ВИСОКА БРЗИНА: Отворена најмодерната патека за мотоспорт на Балканот!

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Да ги чуваме вредностите на слободата и да градиме подобро утре – доделени наградите „4 Ноември“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕК го нотира напредокот: Македонија ја забрзува енергетската транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.