четврток, август 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Технологија

ЕУ подготвува нов закон: Ограничувања за TikTok, Instagram и други платформи поради ризици за младите

by Redakcija
13.05.2026
in Технологија
ЕУ подготвува нов закон: Ограничувања за TikTok, Instagram и други платформи поради ризици за младите

Европската унија воведува нова рунда построги правила насочени кон заштита на децата и младите од, како што го опишува Брисел, „зависничкиот дизајн“ на социјалните мрежи, меѓу кои се TikTok, Facebook, Instagram и платформата X.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во изјава во Копенхаген предупреди дека растечките проблеми кај младите не можат да се третираат како случајност или индивидуални случаи. Според неа, сè почесто се забележуваат последици како нарушен сон, анксиозност, депресивни состојби, самоповредување, онлајн злоупотреба и различни форми на зависност: појави кои, како што истакна, се поттикнати од самата логика на дигиталните платформи.

Таа посочи дека бизнис моделите на големите технолошки компании се темелат на максимално задржување на вниманието на корисниците, при што децата и адолесцентите стануваат особено ранлива група. „Вниманието се претвора во производ“, порача таа, нагласувајќи дека тоа бара посериозна регулаторна реакција.

Во таа насока, Европската комисија работи на нов законски пакет, Закон за дигитална праведност (DFA), кој би требало да биде предложен до крајот на годината. Со него се предвидуваат поостри правила против манипулативни и зависнички елементи во дизајнот на платформите, како и дополнителни ограничувања за употребата на вештачка интелигенција во социјалните мрежи. Меѓу разгледуваните мерки е и воведување минимална возраст за пристап до одредени платформи.

Овие нови иницијативи би го надградиле постојниот Закон за дигитални услуги, кој веќе им наложува на големите платформи поактивно да се справуваат со нелегална и штетна содржина. Во меѓувреме, Комисијата отвори и неколку истраги против TikTok, X, Instagram и Facebook, поврзани со елементи како бесконечно скролање, автоматско пуштање содржини и агресивни push известувања.

Покрај тоа, според информации пренесени од „Ројтерс“, започната е и постапка против платформата X во врска со користење на вештачката интелигенција „Грок“, која наводно била искористена за создавање сексуално експлицитни слики со жени и деца.

…

Related Posts

Што ќе донесе новиот iPhone?

10.08.2026
МВР од август ќе тестира возачи за дрога на пат: Нарачани првите 10.000 брзи тестови од Кина

МВР од август ќе тестира возачи за дрога на пат: Нарачани првите 10.000 брзи тестови од Кина

26.07.2026
Глобален пад на Фејсбук и Инстаграм: Корисниците во Македонија останаа без десктоп пристап, Мета работи на отстранување на дефектот

Глобален пад на Фејсбук и Инстаграм: Корисниците во Македонија останаа без десктоп пристап, Мета работи на отстранување на дефектот

19.07.2026
(ВИДЕО) Дали почна? Робот се побуни и одби да биде ставен под контрола!

(ВИДЕО) Дали почна? Робот се побуни и одби да биде ставен под контрола!

05.07.2026

(Видео) AI ќе избрише милиони работни места? Овие пет професии би можеле да ја преживеат револуцијата

28.06.2026

Вселенски телескоп паѓа кон Земјата, но НАСА има неверојатен план за негово спасување

21.06.2026

Препорачани Вести

(ВИДЕО) По четири години чекање – Краков експлодираше од радост: Илјадници навивачи ја славеа историската промоција на Висла!

3 месеци ago

Бегство од брзото секојдневие: Селата во Туркије меѓу најпосакуваните дестинации за мирен одмор

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Денес сончево и многу топло, температурите до 39 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за 20 август: Некому пари, некому љубовен пресврт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била на страната на Македонија – денес сме посилни од кога било

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Сите сили и ресурси се ангажирани за ставање под контрола на пожарот во Мариово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран ја губи контролата врз Ормутскиот теснец, САД ја зајакнуваат позицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.