четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Николоски: Без заштита на домашните компании, Македонија ја губи економската битка

by Redakcija
14.05.2026
in Економија
Николоски: Без заштита на домашните компании, Македонија ја губи економската битка

На конференцијата Бизнис со интегритет, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски испрати порака дека без посилна институционална поддршка, домашните компании тешко ќе успеат да се носат со конкуренцијата од странските пазари. Според него, македонските мали и средни претпријатија се ставени во нерамноправна позиција во услови на отворен и либерализиран економски систем, каде големите регионални и меѓународни корпорации располагаат со значително поголем капитал и ресурси.

Николоски оцени дека државата мора да создаде услови јавните инвестиции да придонесуваат за развој на домашната економија, наместо средствата да завршуваат надвор од земјата. Тој предупреди дека доколку продолжи сегашната практика, Македонија ќе се соочи со продлабочување на трговскиот дефицит, нарушување на девизниот баланс и дополнително иселување на работоспособното население поради недостиг од можности за работа.

Во своето обраќање, министерот нагласи дека локалните компании не можат да изградат капацитет и конкурентност ако не добиваат можност да учествуваат во реализација на поголеми инфраструктурни и јавни проекти. Како пример ги посочи тендерите со вредност од неколку стотици илјади евра, за кои смета дека треба да се креира простор поголем дел од работата да ја добиваат фирми од општините каде се реализираат проектите.

Тој се осврна и на условите што ги поставуваат меѓународните финансиски институции при финансирање капитални инвестиции, оценувајќи дека строгите критериуми често уште на почеток ги елиминираат македонските компании од постапките. Според Николоски, неопходно е да се промени таквиот пристап и да се овозможи домашните фирми директно да учествуваат во изградба на крупни инфраструктурни зафати, меѓу кои и автопатите.

Министерот порача дека само преку практично учество во големи проекти, македонските компании ќе можат да стекнат искуство, финансиска стабилност и капацитет за да станат сериозни и конкурентни играчи и на домашниот и на регионалниот пазар.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

04.11.2026

Шефот на АББ предупредува: Европа ризикува масовна невработеност, Германија мора да поведе со реформите

04.11.2026

Божиновска: Во Германија отвораме нови можности за инвестиции и посилна економска соработка

04.11.2026

Што се случува со заштедите ако банка ја изгуби дозволата? Еве колку може фондот да обесштети

04.11.2026

Нов раст на светските цени: Ќе поскапат ли горивата во Македонија?

04.11.2026

Народната банка: Граѓаните без картички од 5 ноември ќе можат да подигнат средства во Алта банка во Битола

04.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Давид Демјанов и Стефан Наков го фатија светиот крст во Злетово и Пробиштип

10 месеци ago

Проданоски: Прилеп ја добива првата фабрика за селекција на отпад во Македонија

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Да ги чуваме вредностите на слободата и да градиме подобро утре – доделени наградите „4 Ноември“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕК го нотира напредокот: Македонија ја забрзува енергетската транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.