недела, ноември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

„Улов на животот“: Риболовец од Црна Гора извлече огромна туна од 82 кг

by Redakcija
14.05.2026
in Магазин
„Улов на животот“: Риболовец од Црна Гора извлече огромна туна од 82 кг

На отвореното море во близина на Бар се одигра вистинска морска драма што траела речиси дваесет минути, во која црногорскиот репрезентативец во подводен риболов, Душан Вукчевиќ, успеал да совлада туна тешка 82 килограми, улов што тој самиот го опишува како „лов на животот“.

Сè започнало ненадејно, на длабочина од околу 12,5 метри, кога мирната подводна сцена за миг се променила. Малите риби, кои до тој момент се движеле безгрижно, нагло се разбегале: сигнал што искусниот риболовец веднаш го препознал како најавa за пристигнување на голем предатор. Набргу потоа, се појавила џиновската туна.

Вукчевиќ реагирал инстинктивно и испукал, погодувајќи ја рибата во десната странична перка. Иако погодокот бил прецизен, тој не бил доволен за да ја запре моќната морска ѕверка, која продолжила да се движи со неверојатна сила.

Во следните 18 минути започнала исцрпувачка борба на човек против една од најсилните пелагични риби. Туната го влечела низ површината на морето, додека тој се обидувал да ја задржи контролата и да не биде повлечен во длабочините.

Клучниот пресврт дошол со помош од неговиот пријател Бобан Радошевиќ, кој го следел целиот настан од чамец. Во решавачки момент, тој успеал дополнително да ја погоди рибата, што конечно ја прекинало борбата и овозможило нејзино извлекување.

Вукчевиќ подоцна истакнал дека ваквите средби се ретки и исклучително опасни, нагласувајќи дека туната е риба со неверојатна издржливост и сила, која целиот свој живот го поминува во постојано движење и борба за опстанок. „Тоа се суштества што не запираат, постојано пливаат и имаат огромна енергија“, посочил тој, опишувајќи го искуството како едно од најинтензивните во неговата кариера.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Дневен хороскоп: Парична можност за еден знак, љубовно изненадување за друг – што ви носи недела?

Дневен хороскоп: Парична можност за еден знак, љубовно изненадување за друг – што ви носи недела?

22.11.2026

Рерната ќе блесне без напорно триење: Потребна ви е само една таблета што веќе ја имате дома

21.11.2026

Наташа покажа како се живее во еден од најсуровите градови во светот: Снег 244 дена, температури до минус 56 степени

21.11.2026

Пиете кафе секој ден? Научниците открија интересна поврзаност со работата на цревата

21.11.2026

Заборавено парче мебел повторно станува хит: Некогаш го имаше во речиси секој дом

21.11.2026

ВИДЕО: Пентагон објави нови снимки од НЛО над Блискиот Исток – мистериозните објекти сè уште не се идентификувани

21.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Утре без струја делови од Тетово и Порој: Кај Кожара прекинот ќе трае пет часа

2 недели ago

ТРАМП ДО НЕТАНЈАХУ: Израел може да остане сам ако ескалира војната со Иран

6 месеци ago

Популарни Вести

  • ФОТО | Во Полска откриен првиот споменик за децата од Егејска Македонија кои никогаш не се вратија дома

    ФОТО | Во Полска откриен првиот споменик за децата од Егејска Македонија кои никогаш не се вратија дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продажбата на групацијата Тиквеш порасна за 5,4%, нето-добивката падна за 9,4%

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нето-добивката на Витаминка порасна за 19,5% во девет месеци, извозот падна во третиот квартал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КОЧО АНЃУШЕВ ВО БИТОЛА: СО БАТЕРИИ, ФАБРИКИТЕ МОЖАТ ДА ЈА КОРИСТАТ СОПСТВЕНАТА ЕВТИНА СТРУЈА И КОГА НЕМА СОНЦЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продажбата на Мермерен комбинат падна за 42,8%, нето-добивката за 57,2%

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.