понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Зачуван накит од Штип од 19 и 20 век претставен на изложба во Кавадарци

by Redakcija
14.05.2026
in Македонија
Извор: Музеј-Галерија Кавадарци

Во Куќата на мирис и вкус при Музеј-галеријата во Кавадарци вчера беше отворена изложбата „Накит 19 и 20 век од Штип и штипско“, проект на вишата кустоска Бети Иванова од НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Штип. Настанот беше отворен во атмосфера што веднаш ја поврза публиката со духот на традицијата, благодарение на изведбата на народната песна „Гердан ми падна“ од младиот музичар Ангел Димитров, која послужи како симболичен вовед во приказната за македонскиот накит како културно сведоштво.

Изложбата не се ограничува само на естетиката на украсните предмети, туку ја открива нивната подлабока улога како носители на општествени и културни значења. Преку изложените примероци се читаат слоевите на едно време: семејните традиции, социјалниот статус, верувањата и идентитетот на заедниците што ги создавале и носеле.

Како што беше истакнато, накитот од 19 век на просторот на Македонија и Балканот најчесто бил резултат на рачна изработка во работилниците на локалните кујунџии и филигранџии. Посебно место зазема филигранската техника, со своите фини преплети од сребрена жица, која и денес се смета за едно од најпрепознатливите обележја на балканското занаетчиство. Среброто доминирало не само поради неговата достапност, туку и поради верувањето во неговата заштитна и духовна сила.

Женскиот накит од тој период – пафти, гердани, обетки, тепелуци и монети вградени во украсите – често бил дел од миразот и се пренесувал како семејно наследство од генерација на генерација. Орнаментите со мотиви на сонце, лозови гранки, крстови и цветови носеле симболика на плодност, благосостојба, вера, живот и заштита.

Во 20 век, под влијание на европските стилски текови, накитот постепено се трансформира. Од богато украсен и симболично набиен израз, тој станува поедноставен, елегантен и попристапен, а рачната изработка сè почесто се комбинира со индустриско производство. Сепак, и во новите форми накитот не ја губи својата суштинска улога – да раскажува приказни за луѓето што го носат.

Во своето обраќање, вишата кустоска Томе Крстевски нагласи дека секое изложено парче претставува фрагмент од човечка биографија, преточен во материјал и форма, со што изложбата добива и документарна и емотивна димензија. Според него, накитот не е само украс, туку жива меморија на едно општество.

Авторката на изложбата, Бети Иванова, посочи дека уметничката обработка на металот во Македонија има длабоки корени и широка развиеност. Особено значајно место зазема народниот накит изработен од бронза, месинг, сребро и бакар, кој претставува врв на занаетчиската уметност во контекст на средновековното и подоцнежното златарство на овие простори.

Со примена на традиционални техники како гравирање, исчукување и филигран, македонските мајстори успеале да создадат препознатлив стил во обработката на металот, збогатен со локални специфики и естетски особености. Денес, токму ваквите предмети се сметаат за важен дел од етнолошкото богатство, бидејќи во себе ја чуваат континуираната нишка на културната меморија.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворањето на шест нови, реконструирани операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, редовните ќе се одржат во април 2028 година

23.11.2026

Божиновска: Младите инженери имаат можност да учат, да напредуваат и да работат на важни проекти дома

23.11.2026

Средба Николоски -Зомер: Унапредување на економската соработка, инвестиции и туризмот

23.11.2026

Мицкоски со мерки за младите: Поевтини станови и полесен пат до сопствен дом

23.11.2026
Македонија

Добри вести за вработените: Во 2027 година нè очекуваат пет продолжени викенди

23.11.2026

Пред 2.700 години во Македонија живееле жени со висок општествен статус: Нивниот накит открива древни мистерии

23.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Примирјето меѓу САД и Иран ја турна цената на нафтата под 100 долари

Ирак најавува брзо зголемување на производството на нафта

8 месеци ago

Полицијата со детали за починатата девојка во Штип

7 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Нова соларна централа од 40 киловати во ОУ „Св. Климент Охридски“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Путин: Крајот на војната зависи од Украина – Киев мора да ги прифати компромисите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп со жестоки обвинувања: „Сето ова е огромна измама!“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Големо телевизиско враќање: Димитар Атанасовски со ново шоу на Телма – „Нека биде наше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.