четврток, август 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ФБИ удри по „трампџиите“ од Велес: Лажни картички, милионски измами и обвиненија во САД – Им се закануваат до 20 години затвор

by admin
15.05.2026
in Македонија, Црна Хроника

Американското Министерство за правда поднесе прво обвинение поврзано со измамите со лажни „Трамп“ картички, монети и финансиски производи кои, според американските власти, биле креирани и продавани од лица од Велес.


Обвинети се 25-годишниот Горан Спиридонов и 39-годишната Кристина Јанева од Велес, кои се товарат за измама на голем број американски граѓани преку лажни инвестиции и финансиски производи поврзани со името на американскиот претседател Доналд Трамп.


Според соопштението на Министерството за правда на САД, истрагата ја воделе обвинител од Њујорк и истражител од ФБИ, а обвинетите се гонат за заговор за измама, електронска измама и тешка кражба на идентитет.
Американските власти наведуваат дека делата носат максимална казна до 20 години затвор, додека за тешката кражба на идентитет е предвидена и задолжителна двегодишна затворска казна.


Според истрагата, Спиридонов и Јанева заедно со други лица во 2023 година продавале лажни „Трамп“ картички преку канали на Телеграм и преку онлајн платформата „Marketplace 1“. Во рамки на шемата бил создаден и лажен банкарски систем наречен „ТРБ“. Обвинетите, според американските власти, ги убедувале поддржувачите на Трамп дека со купувањето на овие картички финансиски ќе ја помогнат неговата претседателска кампања и дека картичките содржат десетици или стотици илјади долари кои ќе можат да ги подигнат по изборната победа на Трамп.


„Сите овие изјави се лаги. Производите на „Трамп Бакс“ се безвредни; не можат да се заменат во ниедна банка; и немаат никаква поврзаност со претседателот Трамп, членовите на неговото семејство или членовите на неговата администрација“, стои во соопштението на американското Министерство за правда.
Во него дополнително се наведува дека обвинетите се гонат за заговор за вршење измама и измама по електронски пат, како и за тешка кражба на идентитет.


Случајот повторно го актуализира Велес како центар на интернет измами поврзани со американската политика. Уште во 2016 година градот стана светски познат по мрежата на сајтови со лажни вести кои објавуваа содржини во корист на Доналд Трамп за време на американските избори.
Подоцна, по згаснувањето на тие веб-страници, дел од активностите се префрлија на Телеграм канали, поради што во јавноста се појави терминот „телеграмџии“.
Радио Слободна Европа на македонски јазик уште во февруари 2024 година објави истражување во кое беа посочени околу 70 лица од Велес поврзани со продажба на лажни „Трамп“ картички и финансиски измами насочени кон американски државјани.


По објавувањето на истражувањето, било отворено и предмет во македонското Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но постапката никогаш не добила конечен епилог.
Сега и од МВР и од обвинителството потврдуваат дека биле контактирани од американските истражители и дека ги доставиле потребните информации. Засега нема информации дали САД побарале меѓународна потерница за двајцата обвинети.


По објавувањето на истрагите, дел од интернет страниците и каналите преку кои се вршеле измамите почнале да се гасат.

Линк до Министерство за правда на САД

Related Posts

Шести смртен случај од западнонилска треска во земјава, почина 72-годишен скопјанец

27.08.2026

Николоски: Македонија треба да стане раскрсница на Балканот, го реализираме планот за стратешко инфраструктурно поврзување

27.08.2026

Светот се трка по критични минерали, Македонија има потврден бакар во Иловица

26.08.2026

ВЛЕН: По повеќе од две децении чекање, започна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

26.08.2026

ВЛЕН: Крај на децениските ветувања, започна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

26.08.2026
Симов: Да се спротивставуваш на дата-центрите е како пред 100 години да си против енергетската мрежа

Симов: Да се спротивставуваш на дата-центрите е како пред 100 години да си против енергетската мрежа

26.08.2026

Препорачани Вести

Во Унгарија странските возачи за гориво плаќаат и до 50% повеќе

5 месеци ago

Општина Битола формира комисија за опасни и запуштени објекти

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Тајна мисија на шефот на ЦИА во Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шести смртен случај од западнонилска треска во земјава, почина 72-годишен скопјанец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Од септември следува редовно усогласување, се пресметува точниот износ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КРИТ ПОД „ОПСАДА“ НА МРШОЈАДИ: Исцрпени птици бараат спас од жештините кај туристите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.