сабота, октомври 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

НОМАГАС влегува во нова фаза на енергетско поврзување: интерконекторот со Србија како следен чекор за поголема сигурност

by Redakcija
15.05.2026
in Економија, Топ Вести

Македонија влегува во нова фаза на регионално енергетско поврзување. Државната компанија НОМАГАС со тендерот за избор на проектант и на изведувач на интерконективниот гасовод кон Србија поставува основа за реализација на интерконекторот, кој е една од клучните алатки за поголема сигурност, диверзификација и стабилност на снабдувањето со природен гас на државата. 

Значењето на интерконекторите е особено големо затоа што се надминуваат досегашните ограничувања за развој на гасоводната инфраструктура, а многу позначајно е штодржавата добива нова улога на регионалниот енергетски пазар. 

„Со изборот на проектант и изведувач, се навлегува во фазата во која проектот преминува од политичка и техничка подготвеност кон реална инженерска и градежна имплементација“, велат од НОМАГАС.

Интерконекторот со Србија е проектиран како двонасочна врска за транспорт на природен гас, со капацитет од 1,5 милијарди кубни метри годишно. Tрасата треба да ги поврзе системите преку Клечовце и Врање, со околу 23 километри на територијата на Македонија и со изградба на главна мерна станица на македонска страна. Инвестицијата, со вкупна вредност од околу 29,6 милиони евра само за делот поврзан во Македонија, се обезбедуваод сопствени средства. 

Овој проект треба да се гледа заедно со гасниот интерконектор со Грција, за кој НОМАГАС во мај 2025 година го потпиша договорот за изградба. Заедно се едни од најзначајните енергетски проекти во поновата историја на земјата затоа што ќе овозможат диверзификација и пристап до различни извори на природен гас и истоврмено ќе дадат можност за транспорт на овој на гас кон други земји од регионот и Европа. 

Гасоводот кон Србија ќе се поврзе со делницата кон Грција, долга 68 километри, со која нашата земја остварува пристап до ЛНГ терминалите во Александруполи и јужниот гасен коридор. Бидејќи проектот овозможува двонасочен проток на гас, тоа значи дека земјата ќе може да добива гас и од северните правци, но и да транзитира гас од Грција кон Србија и Централна Европа.

Исто како и интерконекторот со Грција, и овој гасовод е дизајниран да биде подготвен за транспорт на водород, како дел од идниот „зелен коридор“ во регионот. 

„За НОМАГАС, овие проекти ќе овозможат да се позиционира како оператор што ја гради идната енергетска мрежа на земјата. Интерконекторите се долгорочни системски инвестиции. Нивната вредност ќе се мери во тоа колку ја зголемуваат отпорноста на економијата, колку им даваат избор на индустриските потрошувачи, колку го намалуваат ризикот од прекини и колку ја поврзуваат земјата со регионалните и европските енергетски текови“, дообјаснуваат од државната компанија. 

Во период кога енергетската сигурност стана едно од главните економски и безбедносни прашања во Европа, Македонија ќе добие повеќе извори кои ќе и донесат ипоголема стабилност и посилна регионална позиција. Затоа новата фаза со тендерот за интерконекторот кон Србија треба да се чита како чекор напред во изградбата на посигурен, пофлексибилен и подобро поврзан енергетски систем.

… 

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Димитриеска-Кочоска: Задолжувањата согласно планираното, јавниот долг останува во рамки на проектираното, Еврообврзницата во наредната година може да се реализира во 2 дела

10.10.2026

Руски гас вреден милијарди евра пристигнал во Европа пред зимската сезона

10.10.2026

Божиновска: Одговорно искористување на минералното богатство за посилна економија

10.10.2026

ФЕРО ИНВЕСТ ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД ПОДДРЖУВА МЕЃУНАРОДНА МЕДИЦИНСКА ЕДУКАЦИЈА ВО СКОПЈЕ

10.10.2026

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 30,68 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

10.10.2026

Проданоски: Учениците од „Ѓорче Петров“ ми подарија знаме изработено со љубов кон татковината

09.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Тетово: Малолетник со електричен тротинет удрил во четиригодишно дете

4 месеци ago

Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Нови анкети: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со значителна предност пред СДСМ и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Задолжувањата согласно планираното, јавниот долг останува во рамки на проектираното, Еврообврзницата во наредната година може да се реализира во 2 дела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директор и вработена во „Национални шуми“ приведени, во одделна акција одземени 400 кубици дрво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе затвореници, помал буџет: Идризово ќе предложи нова амнестија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски гас вреден милијарди евра пристигнал во Европа пред зимската сезона

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.