недела, ноември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Европа полуде по неа: Кoja е Дара, пејачката што ѝ ја донесе историската победа на Бугарија?

by admin
17.05.2026
in Магазин, Македонија, Топ Вести

Од девојче кое пеело народни песни во Варна до новата евровизиска сензација на Европа – Дара преку ноќ стана најголемото музичко откритие по победата на Евровизија 2026.

Со експлозивната песна „Бангаранга“, спектакуларниот настап и енергијата што ја освои и публиката и жирито, бугарската претставничка ѝ ја донесе на Бугарија првата победа во историјата на Евровизија.

Зад сценското име Дара се крие Дарина Јотова – пејачка која во својата татковина со години важи за огромна поп-ѕвезда, но токму Евровизија ја претвори во европски феномен.

Нејзиниот настап во Виена беше еден од најкоментираните на целото натпреварување. Модерен поп звук, балкански ритми, фолклорни елементи и агресивна сценска енергија – комбинација што буквално ја „запали“ арената.

Публиката особено ја памети впечатливата кореографија, моќниот вокал и визуелниот спектакл со кој Дара ја претвори сцената во вистински музички хаос – токму како што сугерира и насловот „Бангаранга“.

Самата пејачка објасни дека зборот потекнува од јамајкански сленг и означува „бунт“, „метеж“ или „хаос“, но за неа има подлабоко значење.

„Тоа е чувство кога ќе одлучите да ја изберете љубовта наместо стравот“, изјави Дара по полуфиналето.

Родена е во Варна, третиот по големина град во Бугарија, на брегот на Црното Море. Уште како дете почнала да пее, прво традиционална бугарска музика, а подоцна целосно се насочила кон модерната поп сцена.

Широката публика ја запозна во 2015 година преку бугарската верзија на X Factor, каде веднаш привлече внимание со својот глас и харизма.

По шоуто следуваше вистинска експлозија на кариерата.

Нејзиниот прв голем хит „К’во не чу“ ги освои музичките листи, а потоа следуваа и песните „Гром“, „Повикај ме“ и „Господин Ровер“, кои собраа милиони прегледи на интернет и ја претворија во една од најголемите млади ѕвезди во Бугарија.

Со текот на годините Дара стана препознатлива по ексцентричниот стил, силната сценска појава и модерниот поп звук кој често комбинира електроника, балкански мотиви и урбана енергија.

Таа беше и најмладиот ментор во шоуто Гласот на Бугарија, а минатата година настапи и како предгрупа на Роби Вилијамс на концерт во Софија.

Но најголемата сцена ја доби токму на Евровизија.

Пред финалето отворено зборуваше дека нејзината цел не е само победа, туку Европа конечно да ја „види“ Бугарија.

„Бугарија има огромна културна душа за која Европа сè уште не знае доволно“, изјави таа во интервју за The Independent.

Песната „Бангаранга“ стана и симбол на големото враќање на Бугарија на Евровизија, откако земјата неколку години не учествуваше поради финансиски проблеми.

Последниот настап на Бугарија беше во 2022 година, а враќањето на сцената веднаш беше крунисано со историска победа.

По триумфот во Виена, Дара веќе е едно од најбараните имиња на европската музичка сцена, а социјалните мрежи буквално експлодираа со коментари дека „Европа доби нова поп-ѕвезда“.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Рама порача да ги внесеме Бугарите во Уставот, Мицкоски одговори: Тоа е внатрешно прашање

Рама порача да ги внесеме Бугарите во Уставот, Мицкоски одговори: Тоа е внатрешно прашање

22.11.2026
Архиепископот Стефан со порака до патријархот Кирил: „Духовна мудрост и татковска грижа“

Архиепископот Стефан со порака до патријархот Кирил: „Духовна мудрост и татковска грижа“

22.11.2026
Девојка од само 18 години заболела од рак на грлото на матката:  Лекарите загрижено  апелираат за  вакцинација против ХПВ

Девојка од само 18 години заболела од рак на грлото на матката:  Лекарите загрижено  апелираат за  вакцинација против ХПВ

22.11.2026
ФОТО | Во Полска откриен првиот споменик за децата од Егејска Македонија кои никогаш не се вратија дома

ФОТО | Во Полска откриен првиот споменик за децата од Егејска Македонија кои никогаш не се вратија дома

22.11.2026
Продажбата на групацијата Тиквеш порасна за 5,4%, нето-добивката падна за 9,4%

Продажбата на групацијата Тиквеш порасна за 5,4%, нето-добивката падна за 9,4%

22.11.2026
Нето-добивката на Витаминка порасна за 19,5% во девет месеци, извозот падна во третиот квартал

Нето-добивката на Витаминка порасна за 19,5% во девет месеци, извозот падна во третиот квартал

22.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Гори на пет локации низ Македонија – еден пожар под контрола, три изгаснати

Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци, огнот се прошири и во околината

3 месеци ago

Проданоски: Прилеп ќе ги награди најдобрите наставници, воспитувачи и негователи

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синот на Милорад Додик предложен за премиер на Република Српска: Игор Додик ќе ја составува новата влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама порача да ги внесеме Бугарите во Уставот, Мицкоски одговори: Тоа е внатрешно прашање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Архиепископот Стефан со порака до патријархот Кирил: „Духовна мудрост и татковска грижа“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.