петок, ноември 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Голема регионална еко-акција во Охрид: Нуркачи од четири земји го отстранија отпадот од Охридското езеро

by Redakcija
18.05.2026
in Македонија
Голема регионална еко-акција во Охрид: Нуркачи од четири земји го отстранија отпадот од Охридското езеро

Под површината на Охридското Езеро викендов се водеше вистинска битка за зачувување на едно од најголемите природни богатства на Балканот. Од водите кај Автокамп Градиште, десетици нуркачи од четири земји заеднички испратија моќна порака дека природата нема граници, а грижата за неа е заедничка одговорност.

Во организација на Нуркачкиот Центар Амфора, дури 80 искусни нуркачи од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина се спуштија во длабочините на езерото, каде наместо подводни убавини ги дочекаа отпад и човечка негрижа. Во текот на акцијата беа извлечени големи количества отпад од езерското дно, со што уште еднаш беше алармирано за потребата од поголема еколошка свест и посериозна заштита на Охридското Езеро.

Акцијата, освен еколошки, имаше и силен регионален карактер. Нуркачките тимови покажаа дека соработката меѓу земјите може да биде пример како заеднички се штитат природните вредности што му припаѓаат на целиот регион.

Во подводната мисија учествуваа Нуркачкиот Центар Амфора, Завод и Музеј – Охрид, Црвен Крст Охрид, КПД Охрид, СНК Врело, ЕНК Пена, САЕ Тигар, БСН Волци, хрватскиот клуб KPA Marsonia, како и српскиот Triton Tec Team.

Организаторите порачаа дека ваквите акции не смеат да бидат само еднодневен настан, туку континуирана обврска кон природата, особено кога станува збор за Охридското Езеро, едно од најстарите и најзначајни езера во Европа.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Израелски и македонски хирурзи извршија 16 операции за повредените во трагедијата во Кочани

05.11.2026

Мицкоски за „Алта банка“: Штедачите ќе бидат обесштетени до последниот денар – Можни се 2 сценарија за надминување на состојбата

05.11.2026

Почна исплатата на социјалната помош и детскиот додаток

05.11.2026

Мицкоски: Европската комисија потврди – нема назадување, туку напредок, овој извештај е подобар од ланскиот

05.11.2026

МВР и ДЕА помогнале во заплена на над 300 килограми кокаин во Германија

05.11.2026

ЖРСМ Инфраструктура: Работиме на надминување на проблемите наследени од недомаќинското работење во минатото

05.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Македонец уапсен во Албанија – Ова се деталите

9 месеци ago
Хрватска одговори на патните совети на Србија: „Една сме од најбезбедните земји во Европа“

Хрватска одговори на патните совети на Србија: „Една сме од најбезбедните земји во Европа“

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Еврото зајакнува четврти ден по ред во однос на доларот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп за 6 ноември: Вагите пред романтично изненадување, а Биковите да не брзаат со купување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Black Friday: Како да препознаете вистински попуст зад прецртаната цена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Телефоните поскапеа за околу 20 отсто, а продажбата падна за една петтина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за врсничкото насилство во Тетово: Одговорност треба да има и за напаѓачите и за родителите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.