сабота, октомври 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Македонија домаќин на Светско првенство во риболов на крап: Над 800 учесници од околу 30 држави

by Redakcija
18.05.2026
in Македонија
Македонија домаќин на Светско првенство во риболов на крап: Над 800 учесници од околу 30 држави

Македонија оваа година влегува на светската мапа на спортскиот риболов со организација на едно од најпрестижните натпреварувања во оваа дисциплина: Светското првенство во риболов на крап, кое ќе се одржи на Мавровското Езеро и ќе собере околу 30 национални репрезентации од целиот свет.

Настанот, кој ќе се одржи од 1 до 6 септември, претставува историски исчекор за домашниот спортски риболов и најголем меѓународен спортски риболовен собир досега организиран во земјата. Натпреварувачкиот дел ќе трае 72 часа без прекин, според строгите правила на светската крапска дисциплина, а програмата ќе биде дополнета со свечени церемонии, медиумски активности и промотивни настани.

Претседателот на Риболовната федерација на Македонија, Филип Серафимовиќ, нагласува дека изборот на Македонија не е случаен, туку резултат на долгорочна работа, континуирано присуство на меѓународната сцена и активна соработка со Светската риболовна конфедерација ЦИПС и ФИПСед. Клучна улога, како што посочува, имал и природниот потенцијал на Мавровското Езеро, кој бил позитивно оценет од меѓународните комисии.

Организацијата на ваков настан, според него, претставува и голема развојна шанса. Освен спортскиот престиж, првенството носи директен економски ефект преку сместување, угостителство, транспорт и туристички услуги, но и долгорочна промоција на Македонија како дестинација за спортски и риболовен туризам. Во Маврово, за време на првенството, се очекува да престојуваат повеќе од 800 натпреварувачи, членови на екипи, судии и медиумски екипи од различни земји.

Според федерацијата, токму Мавровското Езеро ги исполнува сите неопходни услови за вакво натпреварување: од површина и конфигурација, до инфраструктура и сместувачки капацитети. Локацијата, сместена во рамки на Националниот парк Маврово, нуди и дополнителна атрактивност преку природната средина и пристапноста.

Во пресрет на светското првенство, Маврово ќе биде центар на неколку значајни риболовни настани – Државната крапска лига (мај–јуни), Балканското првенство (јули) и отворениот светски куп како подготовка во август, што дополнително ја зајакнува неговата позиција како регионален центар за крапски риболов.

Организацијата, сепак, носи и сериозни предизвици. Најголем меѓу нив е обезбедувањето доволен рибен фонд, односно крап, за исполнување на меѓународните стандарди. За таа цел, веќе е најавена координација со надлежните институции, меѓу кои Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за спорт, Општина Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово, како и со спонзори и општествено одговорни компании.

Серафимовиќ посочува дека институционалната соработка веќе функционира преку потпишан меморандум со локалната самоуправа и националниот парк, што создава основа и за идни меѓународни спортски настани во регионот.

Покрај организацискиот аспект, првенството се гледа и како развоен импулс за домашниот спортски риболов. Тоа подразбира повисоки стандарди во управувањето со водите, заштита на екосистемот, еколошка одговорност и професионализација на кадарот. Во процесот ќе бидат вклучени судии, тренери, волонтери и натпреварувачи, кои ќе разменат искуства со врвни светски екипи.

Како што наведува федерацијата, целта е Македонија постепено да се профилира како препознатлива дестинација за меѓународни риболовни натпреварувања на акумулации и природни езера, што директно би придонело и за развој на младинскиот спорт и рекреативниот риболов.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Златото и бакарот во Србија и новата економска улога на рударството

Златото и бакарот во Србија и новата економска улога на рударството

17.10.2026
ДЕВЕТ ЧАСА ПОД ВОДА, ДО РЕКОРДНИ 338 МЕТРИ: Врело на Матка откри нови тајни, клубот објави три светски рекорди

ДЕВЕТ ЧАСА ПОД ВОДА, ДО РЕКОРДНИ 338 МЕТРИ: Врело на Матка откри нови тајни, клубот објави три светски рекорди

17.10.2026

Меџити: Мастер-планот за Чаир предвидува подобра инфраструктура и модерни јавни простори

17.10.2026
Гужви во скопските амбуланти: За една ноќ прегледани 152 пациенти, лекарите забележуваат и симптоми на грип

Гужви во скопските амбуланти: За една ноќ прегледани 152 пациенти, лекарите забележуваат и симптоми на грип

17.10.2026

Жито Лукс го одбележува Светскиот ден на лебот со донација од 8.000 лебови за оние на кои им е најпотребно

17.10.2026
ПРОНАЈДЕНИ ДРОГА, ОРУЖЈЕ И МАЧЕТИ: Голема полициска акција на над 40 локации низ Македонија

ПРОНАЈДЕНИ ДРОГА, ОРУЖЈЕ И МАЧЕТИ: Голема полициска акција на над 40 локации низ Македонија

17.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Панел дискусија во Diamond Mall: Македонското музичко издаваштво има потенцијал, но потребни му се поддршка, инфраструктура и видливост

4 месеци ago

Коњановски: Меѓуопштинската соработка носи подобри комунални услуги

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Златото и бакарот во Србија и новата економска улога на рударството

    Златото и бакарот во Србија и новата економска улога на рударството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДЕВЕТ ЧАСА ПОД ВОДА, ДО РЕКОРДНИ 338 МЕТРИ: Врело на Матка откри нови тајни, клубот објави три светски рекорди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | ХАОС НА ПЛОШТАДОТ БЕЛКУР ВО ЛИОН: Запален историски објект, насилни групи ги попречувале пожарникарите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО+ВИДЕО) ПРАТЕНИКОТ КЛЕВИС БАЛИУ ФРЛЕН ВО РЕКАТА ЛАНА НА ПРОТЕСТИТЕ ВО АЛБАНИЈА

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Мастер-планот за Чаир предвидува подобра инфраструктура и модерни јавни простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.