вторник, ноември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

По Трамп, и Путин пристигнува во Кина овој месец

by Redakcija
18.05.2026
in Свет
putin

Во пресрет на најавената посета на Владимир Путин на Пекинг, кинескиот и рускиот претседател разменија пораки во кои ја потврдуваат сè подлабоката политичка и економска врска меѓу двете земји. Си Џинпинг во својата порака нагласил дека партнерството со Москва продолжува да се зацврстува и дека годинава се одбележува три децении од воспоставувањето на стратешката соработка меѓу Кина и Русија, јавуваат кинеските државни медиуми.

Истовремено, државниот весник „Глобал тајмс“ посвети анализa на редоследот на високопрофилни посети во Пекинг, оценувајќи дека Кина во последниот период се наоѓа во центарот на глобалната дипломатска мапа. Во текстот се посочува дека фактот што за кратко време Пекинг бил домаќин и на американски и на руски претставници е исклучително редок дипломатски момент во постстудената ера и привлекува значително меѓународно внимание.

Односите меѓу Кина и Русија во последните години бележат нагло продлабочување, особено по руската инвазија врз Украина во 2022 година. Западните влади и аналитичари често укажуваат дека економската размена и политичката поддршка од Пекинг придонесуваат за одржување на руската воена кампања, иако Кина официјално ја претставува својата позиција како неутрална.

Билатералната трговија меѓу двете земји достигна историски врвови, при што Кина стана еден од клучните купувачи на руски енергетски ресурси, особено на нафта. Според проценки, Пекинг од почетокот на конфликтот има набавено огромни количини руски фосилни горива, што значително ги засилува приходите на Москва во услови на западни санкции. За Кина, пак, ваквите набавки се дел од стратегијата за енергетска стабилност, особено во период на глобални тензии на Блискиот Исток и нарушувања во снабдувањето со нафта преку клучни поморски рути.

Иако украинската војна останува еден од најважните глобални конфликти, таа не зазела централно место во неодамнешните разговори меѓу Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп. Двете страни, според официјалните соопштенија, повеќе се фокусирале на трговските односи, прашањето за Тајван и пошироките геополитички тензии, вклучително и состојбата на Блискиот Исток.

Во тој контекст, кинескиот лидер повторно го истакнал прашањето за Тајван, предупредувајќи дека неговиот статус останува потенцијална точка на сериозен конфликт доколку не се третира внимателно. Од американска страна, Трамп по посетата изјавил дека сè уште не донел одлука околу евентуален повеќемилионски договор за продажба на оружје на Тајван, потег кој Пекинг би го сметал за чувствителен удар врз неговите позиции.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Медведев со нова нуклеарна закана: Русија не само што има право, туку во одредени ситуации е должна да употреби нуклеарно оружје

24.11.2026

ВОЈНАТА СЕ ШИРИ НА ДВЕ МОРИЊА: Украина нападна руски бродови од Финскиот Залив до Либија

24.11.2026

Ле Пен категорична: Украина нема што да бара во Европската Унија

24.11.2026

Масовни депортации од Германија? Лидерот на AfD излезе со предлог за 2,6 милиони странци

24.11.2026

Русија со сериозно предупредување до Естонија: „На работ сте да предизвикате отворена војна“

23.11.2026

Масовна евакуација во Украина: Зеленски побара помош од САД

23.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Јовица Илиевски ќе биде погребан утре во с. Челопек, опело во „Св. Богородица“ од 11 до 13 часот

5 месеци ago

Официјална потврда за средбата во Софија: Муцунски и Петрова ќе разговараат за отворените прашања

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Првиот прекин почнува во 08:00 часот: Каде утре ќе нема струја во Скопје и околината?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Колтук до Горно Седларце: Кои локации утре ќе останат без струја до 14 часот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажните попусти за „Black Friday“ под лупа: Пазарниот инспекторат најави засилени контроли низ Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медведев со нова нуклеарна закана: Русија не само што има право, туку во одредени ситуации е должна да употреби нуклеарно оружје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватска: Граѓаните ќе добиваат по 6 денари за амбалажа што досега се фрлаше во ѓубре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.