сабота, ноември 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

(ВИДЕО) Израел пресретна дел од флотилата „Сумуд“ кон Газа, приведени 11 австралиски активисти

by Redakcija
19.05.2026
in Свет
(ВИДЕО) Израел пресретна дел од флотилата „Сумуд“ кон Газа, приведени 11 австралиски активисти

Израелските морски сили пресретнале дел од меѓународната флота „Сумуд“, која се движела кон Појасот Газа со хуманитарна пратка, при што биле приведени и единаесет австралиски државјани.

Конвојот, кој според организаторите броел десетици бродови и стотици учесници од различни држави, бил формиран како цивилна иницијатива со цел доставување помош за населението во Газа. Во мисијата учествувале луѓе од повеќе професии – од медицина и академија, до уметност и активизам.

Од израелска страна, операцијата е опишана како интервенција против, како што ја нарекуваат, „провокативна флота“. Тамошното Министерство за надворешни работи соопшти дека при проверката на бродовите не била пронајдена пријавена хуманитарна помош, по што дел од патниците биле префрлени на израелски бродови.

Организаторите на флотилата ја оспоруваат оваа верзија на настаните, тврдејќи дека товарот бил наменет за цивили и дека акцијата се случила додека пловилата се наоѓале во меѓународни води. Според нив, израелски воени единици ги пресретнале бродовите на околу 250 наутички милји од брегот на Газа, а дел од нив биле опколени или запленети.

Флотата, која тргнала од Турција минатата недела, броела 54 бродови со околу 319 учесници. Според извештаите од организаторите, 38 пловила биле зафатени во операцијата.

Австралиските власти соопштија дека итно бараат информации за состојбата на своите државјани, додека меѓународното внимание се насочува кон нивната безбедност и развојот на ситуацијата на море.

ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Италија планира казни до 160 евра за пребавно возење

07.11.2026

Шведска се враќа на книгите и тетратките: Помалку таблети, повеќе пишување со рака

07.11.2026

Ќе заврши ли американската помош за Израел две години пред истекот на договорот?

06.11.2026

Пропадна договорот меѓу Трамп и Путин?

05.11.2026

Зошто ЕУ советува да чуваме храна и вода за 72 часа? Што стои зад препораката на Брисел

05.11.2026
CNN: Трамп ги губи нервите, враќањето кон војна станува сè поверојатно

Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

04.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

„Task Force“ во акција кај Делчево: Контрола на автомобил заврши со две приведувања

4 недели ago

„Стентон Градба“ реализираше реконструкција и адаптација на маркетот „KIT-GO“ во Битола

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Плаќате викендов? Банките најавуваат можни прекини пред новите правила од понеделник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италија планира казни до 160 евра за пребавно возење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шведска се враќа на книгите и тетратките: Помалку таблети, повеќе пишување со рака

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Паркинзи Битола“: Целиот приход од СМС-пораките на роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.