среда, октомври 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

ВИДЕО – Тревога во Литванија: НАТО крена борбени авиони, државниот врв евакуиран

by Redakcija
20.05.2026
in Свет

Литванија денеска прогласи тревога за „воздушна опасност“ откако беспилотно летало било забележано во близина на главниот град Вилнус, по што НАТО подигна борбени авиони за пресретнување.

Литванските власти упатија итен апел до граѓаните веднаш да се засолнат, а привремено беше прекинат и сообраќајот на аеродромот во Вилнус поради страв од нарушување на воздушниот простор.

„Веднаш засолни се на безбедно место, грижи се за своите најблиски и чекај нови препораки“, соопшти литванската армија во порака испратена до жителите на главниот град.

Предупредување било активирано и во зградата на парламентот, каде преку системот за јавно обраќање било побарано сите присутни да се упатат кон најблиските засолништа.

Според литванските медиуми, претседателот Гитанас Науседа, премиерката Инга Ругиниене и пратениците биле евакуирани и преместени во засолништа.

Националниот центар за управување со кризи соопшти дека тревогата била активирана откако дрон бил забележан како лета од правец на Белорусија кон литванската граница. Засега не е потврдено чие е леталото.

Министерот за одбрана на Литванија изјави дека сè уште не е познато дали станува збор за украински дрон. Неколку часа подоцна, предупредувањето беше укинато, а аеродромот во Вилнус продолжи со редовно функционирање.

Инцидентот доаѓа само еден ден откако Естонија соопшти дека борбен авион на НАТО соборил сомнителен украински дрон над естонска територија. Украина подоцна се извини за „ненамерниот инцидент“, додека Русија предупреди дека ќе реагира доколку украински беспилотни летала бидат лансирани од територијата на балтичките држави.

Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур изјави дека дронот најверојатно бил насочен кон руски цели, а бил соборен од романски борбен авион на НАТО за време на тренинг мисија.

Естонската армија соопшти дека одлуката за соборување била донесена со цел да се заштитат цивилите и инфраструктурата, во услови на засилени безбедносни тензии во регионот поради војната меѓу Русија и Украина.

Lithuanian government was taken to a bunker

A drone approaching from Belarus triggered a security alert in Lithuania. The president, prime minister, and speaker of the Seimas were urgently taken to shelters.

Members of the Lithuanian parliament (photo) were likewise in… https://t.co/D3s1GnSmWB pic.twitter.com/6UhP8HqVlq

— NEXTA (@nexta_tv) May 20, 2026

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Доналд Трамп со остра порака до Европа: Справете се сами со енергетската криза

Трамп: Цените на горивата нагло ќе паднат

06.10.2026

Поранешниот шеф на германската разузнавачка служба уапсен поради сомневање за шпионажа

06.10.2026

Финскиот претседател: Колку повеќе Русија се заканува, толку посилно ќе ја поддржуваме Украина

05.10.2026

Цените на гасот растат, зимата се ближи: Стигна важна најава за снабдувањето

05.10.2026
zelenski

ЕУ исплати нови 2,9 милијарди евра за Украина: Вкупната поддршка надмина 32 милијарди

05.10.2026

ВИДЕО | Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се движеа автомобили

04.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Гужви и нервоза на границите со Грција по новите европски правила

4 месеци ago

Реакција од Бугарија: Грчките земјоделци предизвикаа сериозни економски проблеми

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Признание за квалитетот и гостопримството: Limak Skopje Luxury Hotel е „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Реплек“ ги јакне меѓународните партнерства и потенцијалот за раст на извозот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,58 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Скопје е непостоечка државичка“ – Грчки европратеник со мизерна порака до Фон дер Лајен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија има рударски кадри, но каде ќе работат? Иловица е еден од проектите што може да отвори нови можности

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.