четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Државна и црковна делегација од Македонија ќе оддаде почит кон делото на Св. Кирил и Методиј во Рим

by Redakcija
22.05.2026
in Македонија
Државна и црковна делегација од Македонија ќе оддаде почит кон делото на Св. Кирил и Методиј во Рим

Македонска државно-црковна делегација престојува во Рим во рамки на традиционалното чествување посветено на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, при што деновиве се одвиваат низа официјални, духовни и културни активности.

Посетата, која ја предводи претседателот на Собранието Африм Гаши, започна со работни и протоколарни средби во Ватикан. Во текот на денот, тој има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква и разговор со државниот секретар на Светата Столица, кардинал Пјетро Паролин, во рамки на дипломатската агенда на делегацијата.

Централниот духовен чин ќе се одржи утре во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, каде што се наоѓа гробот на свети Кирил. Таму свештенослужители на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, предводени од архиепископот г.г. Стефан, ќе одржат молебен во чест на просветителот чија мисија ја постави основата на словенската писменост.

Во рамки на програмата е предвидена и посета на базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што македонската делегација ќе положи венец на спомен-плочата испишана на македонски јазик, поставена како симбол на благодарност за историскиот чин на папата Адријан II, кој во 868 година ги благословил словенските книги донесени од браќата Кирил и Методиј. Делегацијата ќе го посети и местото на вечното почивалиште на папата Франциск.

Чествувањето ќе биде заокружено со културна програма во салата „Хорти Салустиани“, каде камерниот ансамбл „Консонанс“ ќе одржи концерт во чест на празникот.

Во составот на државната делегација се пратениците Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Даниел Стојчевски и Беким Ќоку, како и министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Црковниот дел од делегацијата е предводен од архиепископот г.г. Стефан, заедно со митрополитите г. Пимен и г. Георгиј, како и претставници на Македонската православна црква и Католичката црква.

Поклонението во Рим претставува дел од долгогодишна традиција која датира со децении наназад, а своите современи форми ги добива во 1969 година, кога за првпат е организирано масовно одбележување на 1100-годишнината од смртта на свети Кирил. Оттогаш, секоја година на 24 мај во Рим се одржува официјално државно-црковно чествување.

Инаку, 24 Мај, денот на светите Кирил и Методиј, низ историјата добивал различни форми на одбележување. Од 19 век се славел меѓу образовните и просветните работници, а од 2007 година во Македонија е прогласен за државен празник и неработен ден за сите граѓани.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Криптовалутите влегуваат во Кривичниот законик: Што треба да знаат граѓаните?

05.11.2026

ЕК го нотира напредокот: Македонија ја забрзува енергетската транзиција

04.11.2026

Мицкоски: Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитет

04.11.2026

Планирате патување во Дубаи? Директните летови од Скопје се враќаат

04.11.2026

Возачите ги научиле камерите – МВР подготвува нов начин за снимање прекршоци

04.11.2026

Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

04.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Британците го избраа за најдобар половен автомобил: Што треба да знаат македонските купувачи за „Хјундаи јоник 5“?

5 дена ago
pari

Бугарија официјално го воведе еврото, станувајќи 21 членка на Еврозоната

10 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Европската комисија нотира напредок во енергетиката, обновливите извори достигнаа 58,22 отсто од инсталираната моќност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓаните плаќале за регистрација, парите не стигнувале до институциите: Управител осомничен за проневера на 675.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Народна банка: Позитивни оценки од ЕК за банките и напредок во европските платежни системи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Објавувал епизоди од ТВ-серија на Фејсбук без дозвола: Кривична пријава против скопјанец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ги оставате чашите превртени по миењето? Важно е на каква површина ги сушите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.