среда, ноември 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Муцунски од Шведска: Западен Балкан останува чувствителен регион за безбедноста на Европа

by Redakcija
24.05.2026
in Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржа во Хелсингборг, при што во фокусот беа глобалните безбедносни предизвици и подготовките за претстојниот Самит на НАТО во Анкара.

На состанокот се разговараше за имплементацијата на одлуките донесени на минатогодишниот Самит во Хаг, особено во делот на зголемените инвестиции во модернизација на одбраната и зајакнување на одбранбените капацитети на земјите членки.

Во своето обраќање, Муцунски нагласи дека Западен Балкан и понатаму останува подложен на злонамерни влијанија од надворешни фактори и дека сè уште постојат безбедносни ризици, поради што регионот треба да остане високо на агендата на НАТО.

Тој ги претстави и приоритетите на Владата во исполнувањето на обврските преземени во рамки на Алијансата, со акцент на зголеменото финансирање на одбраната и зајакнувањето на домашните капацитети.

Министерот ја истакна и важноста од понатамошен развој на одбранбената индустрија и модернизација на индустриските капацитети, оценувајќи дека тоа е клучно за посилна Европа и посилно НАТО.

На состанокот беше потврдена и поддршката за Украина, при што Муцунски порача дека е неопходно да продолжи континуираната и предвидлива помош за земјата, паралелно со напорите за изнаоѓање праведно решение за воениот конфликт.

Министрите разговараа и за актуелните состојби во јужното соседство, при што беше нагласена потребата од засилена координација меѓу сојузниците и продлабочување на соработката со стратешките партнери на Алијансата.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ЕК го нотира напредокот: Македонија ја забрзува енергетската транзиција

04.11.2026

Мицкоски: Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитет

04.11.2026

Планирате патување во Дубаи? Директните летови од Скопје се враќаат

04.11.2026

Возачите ги научиле камерите – МВР подготвува нов начин за снимање прекршоци

04.11.2026

Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

04.11.2026

Мицкоски: „Гересхајмер“ со нова инвестиција, нови капацитети и над 1.000 нови работни места

03.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Муцунски на средбата со Петрова-Чамова: Прашањата за идентитетот, историјата и културата не смеат да бидат пречка за ЕУ

4 недели ago

Израелски безбедносен извор со нови тврдења: „Врховниот верски водач на Иран побегнал од земјата“

4 месеци ago

Популарни Вести

  • ЕК го нотира напредокот: Македонија ја забрзува енергетската транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнал патници и возач во автобус, оштетил автомобил и нападнал полицајци – Приведен скопјанец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.