четврток, октомври 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Рот со остри критики кон Бугарија: Блокадата на европскиот пат на Македонија мора да престане

by Redakcija
23.05.2026
in Свет

Поранешниот германски министер за Европа Михаел Рот упати остри критики кон Бугарија, оценувајќи дека нејзиниот пристап кон европската интеграција на Северна Македонија претставува неоправдано попречување кое треба веднаш да заврши.

Рот, во објава на социјалната мрежа „X“, порача дека ваквиот однос кон процесот на проширување на Европска Унија ја ослабува самата Унија и ја зголемува нестабилноста во Западен Балкан, потенцирајќи дека од него корист имаат само надворешни авторитарни актери.

Bulgaria’s stupid obstruction of North Macedonia’s EU path is irresponsible and must stop.
It weakens the EU, destabilizes the Western Balkans, and only benefits Russia, China, and other authoritarian actors.
The new Bulgarian government should be ashamed. https://t.co/0PwDm7WGvV

— Michael Roth 🇪🇺🇺🇦🇮🇱🇬🇪 (@MiRo_SPD) May 22, 2026

Неговите реакции следуваат по ставовите на бугарските институции дека европскиот консензус од 2022 година останува обврзувачка рамка за пристапниот процес на Северна Македонија, без можност за негово преговарање или редефинирање.

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имал средба со својата бугарска колешка, при што повторно било нагласено дека прашањата поврзани со јазикот, идентитетот и културата не можат да бидат предмет на преговори.

Според информациите, на состанокот бил отворен и дијалог за правата на македонската заедница во Бугарија, како и за одлуките на Европскиот суд за човекови права, кои се дел од поширокиот контекст на билатералните односи.

Во дипломатските активности во Бугарија се вклучи и германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадепул, кој порача дека проширувањето на ЕУ останува геополитичка неопходност и дека Унијата се стреми кон забрзување на тој процес.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

До пет години затвор во Чешка за поддршка на комунистички движења што ги потиснуваат човековите права

15.10.2026

Ограничена сателитска врска за украинската војска, пријавени неуспешни мисии

14.10.2026

„Подарок за противникот“: Дванаесет сенатори со писмо до Трамп за договорот со Путин

14.10.2026

Ватикан потврди: Папата Лав XIV има рак на белите дробови

14.10.2026

Германија, Италија и Белгија бараат право да запрат оптоварувачки регулативи на ЕУ

14.10.2026

Поранешниот командант ја предупредува Европа: Отфрлете ги илузиите и подгответе се за можна војна со Русија

14.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

(ВИДЕО) Неофицијален рекорд: Дрон достигна 730 км/ч и ја надмина рекордната брзина

(ВИДЕО) Неофицијален рекорд: Дрон достигна 730 км/ч и ја надмина рекордната брзина

5 месеци ago

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

1 недела ago

Популарни Вести

  • Од купување станови до градежни фирми: Нов потег на данскиот инвеститор во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Песните на Тоше ќе одекнат во Сплит: Концерт во чест на неговото музичко наследство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До пет години затвор во Чешка за поддршка на комунистички движења што ги потиснуваат човековите права

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пари на повидок за три знаци: Што носи финансискиот хороскоп за 15 октомври?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.