понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

МПЦ-ОА и БПЦ заеднички го одбележаа споменот на преподобниот Јоаким Крчовски во Осоговскиот манастир

by admin
24.05.2026
in Македонија, Топ Вести

Во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ и оваа година свечено беше одбележан споменот на преподобниот Јоаким Крчовски, со заедничко сослужување на претставници од Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Бугарската православна црква. Чествувањето собра голем број верници и црковни великодостојници, продолжувајќи ја традицијата на заедничко одбележување на делото и духовното наследство на еден од најзначајните просветители и духовници на овие простори.


Од Кумановско-осоговската епархија информираа дека прославата започнала на 22 мај 2026 година, во навечерието на празникот, кога била отслужена Празнична вечерна богослужба со која чиноначалствувал Високопреосвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј.
На вечерната богослужба молитвено присуствувале и Високопреосвештените митрополити г. Петар и г. Јосиф, како и Преосвештениот Епископ Велбуждски г. Исак од Бугарската православна црква.


Следниот ден, на 23 мај, Осоговскиот манастир бил исполнет со бројни верници кои пристигнале од различни делови на земјата за да присуствуваат на празничната богослужба.
Божествената литургија ја предводел Високопреосвештениот Митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на Високопреосвештените митрополити Кумановско-осоговски г. Григориј, Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Австралиско-новозеландски г. Никола, пензионираниот Кумановско-осоговски митрополит г. Јосиф, како и Преосвештениот Епископ Браницки г. Јован, прв викар на Бугарскиот патријарх.


По завршувањето на светата литургија, митрополитот Петар, заедно со присутните архијереи, извршил Мал водосвет, ги благословил кумските колачи, а бил благословен и куполниот крст кој ќе биде поставен на храмот во конакот што моментално се гради во чест и спомен на преподобниот Јоаким Крчовски.


Прославата уште еднаш ја потврди духовната и културна важност на Осоговскиот манастир, кој претставува едно од најзначајните православни светилишта во регионот, а заедничкото чествување од страна на МПЦ-ОА и БПЦ беше оценето како симбол на духовна поврзаност и почит кон делото на преподобниот Јоаким Крчовски.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворањето на шест нови, реконструирани операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, редовните ќе се одржат во април 2028 година

23.11.2026

Божиновска: Младите инженери имаат можност да учат, да напредуваат и да работат на важни проекти дома

23.11.2026

Средба Николоски -Зомер: Унапредување на економската соработка, инвестиции и туризмот

23.11.2026

Тоневски: Се санира покривот на ООУ „Никола Карев“ во Пробиштип, оштетен од летното невреме

23.11.2026
Фершпед

Добивката на групата Фершпед порасна 10,6%, иако матичното друштво заработи помалку

23.11.2026

Мицкоски со мерки за младите: Поевтини станови и полесен пат до сопствен дом

23.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Општина Битола доби национално признание за успешни младински политики

2 недели ago

ТРИ ИГРИ, ТРИ ШАНСИ ЗА ДОБИВКА – САМО СО „ЗЛАТНА ТРЕСКА“ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА!

7 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Големо телевизиско враќање: Димитар Атанасовски со ново шоу на Телма – „Нека биде наше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година КА Информативен центар на „Реплек“ за производите на база на медицински канабис: Бесплатните консултации сега достапни и преку онлајн закажување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, редовните ќе се одржат во април 2028 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Младите инженери имаат можност да учат, да напредуваат и да работат на важни проекти дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.