четврток, август 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

МФ:Собранието ја разгледа Фискалната стратегија 2027-2031 со која се обезбедуваат одржливи и стабилни јавни финансии

by Redakcija
26.05.2026
in Економија, Топ Вести

26 мај 2026, Скопје – Обезбедување оддржливи и стабилни јавни финансии на среден и долг рок, спроведување постепена и одговорна фискална консолидација преку намалување на буџетскиот дефицит, зачувување на макроекономската и финансиската стабилност во услови на енергетска и ценовна нестабилност, како и создавање услови за одржлив економски раст и зголемување на економската отпорност на идни кризи. Ова се главните цели на фискалната политика поставени во Фискалната стратегија за период 2027-2031 година којашто е подготвена од Министерството за финансии и усвоена од страна на Влада. Фискалната стратегија денеска беше разгледана на пленарна седница на Собранието.

Согласно усвоената Фискална стратегија во периодот 2027 – 2031 година, фискалната политика ќе биде насочена и кон создавање предуслови за нов циклус на економски раст преку реализација на висок износ на јавни капитални инвестиции, постепена фискална консолидација и подобрување на управувањето со јавните финансии. Покрај определбата за фискална консолидација и буџетски заштеди, ќе продолжи поддршката на економијата со инвестиции во инфраструктурни проекти, редизајнирање на структурата на јавните финансии преку одржување високо ниво на капитални расходи и зајакнување на транспарентноста и отчетноста.  Истовремено, планирано е спроведување дисциплинирана фискална политика која всушност ќе значи намалување на несуштинските расходи со цел јавните средства да се користат поефикасно и поцелисходно.

Фискалната стратегија ги содржи среднорочните насоки и цели на фискалната политика, која што ќе се темели на фискална одговорност и дисциплина преку планирање и користење јавните средства во рамки на реални и одржливи фискални можности, постепеност и предвидливост соспроведување фискална консолидација фазно, без нагли ограничувања коишто би можеле да предизвикаат економски шокови. Исто така предвидена е и социјална правичност за заштита на најранливите категории на население од негативните ефекти на кризата и фискалните прилагодувања, како и транспарентност и отчетност со јасно дефинирани мерки и механизми за следење и известување.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во обрзложението на документот пред Собранието истакна дека во периодот 2027 – 2031 година, даночната политика ќе се базира на намалување на сивата економија и поголема наплата на средствата во државниот буџет, преку зголемена дигитализација и воспоставување ефикасен даночен систем со цел секој праведно и на праведен начин да ги плаќа своите даночни обврски. 

„Политиката на управување со јавен долг ќе биде насочена кон обезбедување на неопходните средства за финансирање на буџетскиот дефицит, за отплата на долговите што достасуваат како резултат на задолжувањата од претходните години и за проектно финансирање, без притоа да се предизвика неоправдано зголемување на долгот до ниво кое може да ја загрози стабилноста на економијата и економскиот раст на државата“, порача заменик-министерот.

Со усвоената владината фискална стратегија, а преку јасно дефинирани цели, принципи и мерки,  се обезбедува балансиран пристап кон справување со тековните фискални и економски предизвици. При тоа фокусот на фискална консолидација создава солидна основа за зачувување на стабилноста и обезбедување одржлив и инклузивен економски развој. Оттука на среден рок до 2031 година предивидено е намалување на буџетскиот дефицит како процентуално учество во БДП од 3,5% во 2027, на 3% во 2027 и сведување на ниво од 2,8%  во 2029 година. При тоа со утврдените проекции буџетскиот дефицит од 2028 година е целосно усогласен со европските стандарди за фискална дисциплина, што е јасен сигнал за зачувување на стабилноста и кредибилитетот на јавните финансии.

Во периодот 2027-2031 година економскиот раст се очечкува постепено да се динамизира и економската активност да забележи просечен раст од 4%. Главни двигатели се очекува да бидат реализацијата на стратешки инвестиции во инфраструктурата и енергетиката, финансиска поддршка на инвестициската активност на домашните производни компании за зголемување на иновативноста, конкурентноста и продуктивноста, реформи во деловното окружување и даночната политика, и раст на извозот, реформите во образованието и прилагодувањето на потребите на пазарот на труд, борбата против корупција, сивата економија и нелојалната конкуренција, дигитализацијата на процесите во обезбедувањето на јавните услуги за граѓаните и компаниите, се очекува позитивно да влијаат врз потенцијалот за раст. Исто така придонес кон потенцијалот за раст се очекува и од активностите за привлекување на странски директни инвестиции и проширувањето на капацитетите на постоечките. Поддршка на еконмската активност се очекува и од Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан. При тоа согласно Фискалната стратегија една од клучните претпостави за остварување на повисоки стапки на раст е нормализација на глобалното окружување, стабилизирање на инфлациските притисоци и јакнење на економската активност кај нашите главни трговски партнери.

Клучен инструмент на фискалната политика и носител на економскиот раст ќе бидат капиталните расходи  со цел обезбедување долгорочни економски придобивки преку зголемување на јавниот капитал во патна и железничка инфраструктура, енергетски капацитети, водоводни и канализациони системи, дигитална и образовна/социјална инфраструктура. Исто така предвидените капитални вложувања ја зголемуваат продуктивноста и ја подобруваат конкурентноста на економијата.

Фискалната стратегија претставува систематски и среднорочен пристап кон управувањето со јавните финансии, насочен кон макроекономска стабилност, одржливост на јавниот долг и поддршка на економскиот развој. Фискалната стратегија е документ, кој се подготвува врз основа на Законот за буџети и во кој се дадени среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории проценети приходи и расходи, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот за следните 5 години.

…

Related Posts

Македонската берза со силен раст: МБИ10 зголемен за 1,62 отсто, најголем промет со акциите на НЛБ Банка

26.08.2026

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини организира свеченост по повод Денот на рударите

26.08.2026

Проданоски: Формираме Комисија за проценка на штетите од невремето во прилепско (ВИДЕО)

25.08.2026

Благ раст на Македонската берза, „Универзална Инвестициона Банка“ најголем добитник

25.08.2026

„Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје – Блаце, договорот тежок 222 милиони евра

25.08.2026

Божиновска: Речиси 95% од потребите за струја во јули ги покривме со домашно производство

25.08.2026

Препорачани Вести

Драма во Карпош: Апсење во ноќен клуб, полицијата го совлада осомничениот по обид за бегство

4 месеци ago
Унгарија го блокира 20-тиот пакет санкции против Русија поради нафтениот транзит

Унгарија го блокира 20-тиот пакет санкции против Русија поради нафтениот транзит

6 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) Руски војник закопан до врат како казна: Снимка повторно ја отвори темата за бруталните методи во руската армија

    (ВИДЕО) Руски војник закопан до врат како казна: Снимка повторно ја отвори темата за бруталните методи во руската армија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) НЕПАЛ ЖИВЕЕ ВО КОШМАР ДЕНЕС: Мостови, патишта, автомобили и куќи однесени од водата, стотици луѓе исчезнати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова опасна фаза во Украина? Во Кремљ се разгледува и можност за тактички нуклеарен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште неколку дена за пријавување: Жени, направете го првиот чекор кон економска независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза со силен раст: МБИ10 зголемен за 1,62 отсто, најголем промет со акциите на НЛБ Банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.