вторник, ноември 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Спорт

Внукот блескаше на теренот, дедото славеше опстанок – македонско шоу во Варна

by Redakcija
27.05.2026
in Спорт

Македонскиот фудбалер Георг Стојановски беше херој на Спартак Варна во клучниот натпревар за опстанок во бугарското првенство, постигнувајќи хет-трик во победата со која клубот обезбеди место во елитата и следната сезона.

22-годишниот напаѓач уште на 15-годишна возраст го привлече вниманието на македонската спортска јавност, кога тогашниот тренер на Вардар, Александар Васоски, му даде шанса да дебитира за првиот тим.

По неколку години во потрага по вистинската форма и континуитет, Стојановски сезонава конечно блесна во Бугарија. На 25 натпревари постигна осум голови и запиша три асистенции.

Приказната добива уште поемотивна димензија ако се знае дека тренер на Спартак Варна е легендарниот македонски стратег Ѓоко Хаџиевски, дедо на Георг.

Токму со головите на својот внук, Хаџиевски успеа да го спаси тимот од испаѓање, сценарио кое тешко дека можел подобро да го замисли.

Искусниот тренер ужива голема почит и кај навивачите на Спартак Варна, што се потврди и за време на прославата по натпреварот. Еден од навивачите донесе транспарент со ликот на Хаџиевски, заедно со бугарско и македонско знаме и порака:

„Нема да ви го бараме идентитетот, но Ѓоко е еден од нас“.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Од интернет-мем до раскинати договори: Мбапе предизвика реакции во Кина

27.10.2026
Волкановски испиша историја во UFC: Го запре непоразениот Евлоев и го надмина Жозе Алдо

Волкановски испиша историја во UFC: Го запре непоразениот Евлоев и го надмина Жозе Алдо

25.10.2026

Роналдо казнет со 255 евра – сума што ја заработува за неколку секунди

20.10.2026

Стадион со ролеркостер: Швајцарски клуб претстави проект вреден стотици милиони евра

14.10.2026

Меси во солзи го одигра последниот меч за Аргентина: Крај на една ера

07.10.2026

СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ТРЧА МАРАТОН: Затворени улици од Рекорд до Хром и Аеродром, посебен сообраќаен режим до 14 часот

04.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Коњановски: По невремето сите служби се на терен, се санираат оштетувањата во Битола

4 месеци ago

Мерц: Можно е Украина да прифати територијални отстапки за патот кон ЕУ

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Полска покрена безбедносна операција по предупредување за можни диверзии на границата со Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мекдоналдс“ се соочува со тужба поради популарниот сендвич: „Тоа воопшто не е тој дел од месото“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Србин заминал на Малдиви, па таму доживеал пекол: „Луѓе, ова е депонија, а погледнете колку чини“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја повеќе улици во Скопје и цело Мралино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја повеќе делови од Тетово и околните села: Прекини до пет часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.