сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски најави можност за поевтина струја: Се подготвуваат измени во енергетскиот модел

by Redakcija
28.05.2026
in Македонија
Мицкоски: Транзицијата остави трага во колективната меморија и ги поттикна младите на иселување

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница најави можност за намалување на цената на електричната енергија за граѓаните, истакнувајќи дека Владата работи на нов енергетски модел кој треба да обезбеди постабилен и поевтин систем.

На седницата за пратенички прашања, Мицкоски посочи дека реформската агенда се реализира според планираното и дека државата има потенцијал да биде меѓу водечките земји во евроинтегративниот процес.

– Имаме амбициозна агенда и сакаме да покажеме дека имаме капацитет да ги спроведеме реформите дома – изјави премиерот, додавајќи дека до крајот на јуни треба да бидат финализирани дел од обврските предвидени во акцискиот план.

Во делот на енергетиката, тој откри дека Владата, во координација со Европската комисија, подготвува измени во Законот за енергетика кои би можеле да донесат намалување на цената на струјата од 5 до 10 проценти.

Според Мицкоски, од 1 јануари 2027 година ЕСМ нема да обезбедува повеќе од 70 проценти од потребите на снабдувачот, со што ќе се создадат услови за пофлексибилен и поконкурентен пазар.

Тој објасни дека новиот модел ќе се базира на различна потрошувачка во текот на денот и сезоните, при што ќе се искористуваат периодите кога производството од обновливи извори, особено од соларните капацитети, овозможува значително пониски цени.

– Во одредени часови струјата од соларните капацитети има речиси нулта, па дури и негативна цена. Целта е да создадеме вин-вин модел и за системот и за граѓаните – нагласи премиерот.

Тој додаде дека најголем дел од мерките од реформската агенда се во завршна фаза, додека Изборниот законик останува прашање за кое е потребен политички консензус.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски: Нова авиолинија Скопје – Тиват, од мај директно од Скопје до црногорското приморје

30.10.2026

Проверете ги сметките: Дел од пензионерите денеска ја добиваат октомвриската пензија

30.10.2026

Министерство за енергетика: Наплатата од концесии надмина 1,2 милијарди денари, раскинати се 53 договори

30.10.2026

Повеќе пари за студентски оброк, попусти и дигитално плаќање: Што се менува со владиниот предлог

29.10.2026

ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

29.10.2026

БОЖИНОВСКА: ИНОВАЦИИТЕ И НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ СЕ КЛУЧНИ ЗА ПОСИГУРЕН ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ И ПОКОНКУРЕНТНА ЕКОНОМИЈА

30.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

kina

Пет филмови што освоија внимание за Оскар сега се достапни на Нетфликс

9 месеци ago

Административците ќе добијат зголемување на платите од околу 40 % – останатите ќе чекаат подобри денови

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ најави нови избори во Србија, па им порача на студентите: „Разрешувајте според закон, а не од парк“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против двајца полицајци – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнат и ограбен 62-годишник во Тетово: Повреден со остар предмет додека задржувал еден од напаѓачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучот останал на бравата: Тројца малолетници осомничени за кражба на автомобил од автоплац

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Архивите на УДБА и ЈНА пред европските преговори: Што бара Јанша од Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.