понеделник, ноември 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Кино под ѕвездите низ Општина Центар: Десет дена филмови, забава и дружење за најмладите

by admin
31.05.2026
in Магазин, Скопје

Парковите во Општина Центар од 2 до 13 јуни ќе се претворат во кино сали под отворено небо, каде децата, младите и семејствата ќе можат бесплатно да уживаат во филмски проекции и забавни содржини.

Како што информираат од Општина Центар, проекциите ќе започнуваат секоја вечер од 20 часот и ќе се одржуваат на повеќе локации низ општината во рамките на проектот „Патувачко кино“.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека целта на проектот е преку филм, дружење и забава на најмладите да им се понуди поинакво културно и едукативно искуство во нивното секојдневие.

За потребите на проектот е подготвен специјален македонски детски филм составен од повеќе кратки приказни. Преку нив децата ќе имаат можност да учат за другарството, почитта, културата на однесување и важноста на секојдневните навики кои можат да направат голема разлика во општеството.

Од Општина Центар најавуваат дека за секое дете ќе бидат обезбедени бесплатни пуканки и сокче, со што кино-вечерите ќе добијат дополнителна празнична атмосфера.

Првата проекција е закажана за вторник, 2 јуни, во паркот во Капиштец, а во наредните денови киното ќе патува низ повеќе паркови и населби во општината.

Проектот има за цел да ја доближи културата до граѓаните и да создаде нови можности за семејна забава и квалитетно поминато време на отворено во текот на летниот период.

Со оваа иницијатива, Центар повторно станува место каде културата излегува надвор од институциите и доаѓа директно меѓу граѓаните, носејќи филмска магија под ѕвезденото небо.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка

16.11.2026

Италија нуди бесплатно живеење во обновени куќи: Нема кирија во следните 10 години

16.11.2026

Населба стара 8.400 години открива нови тајни кај Свети Николе: Научници го потврдија значењето на Амзабегово за европската историја

16.11.2026

Нова недела, нови можности: Што им носи 16 ноември на сите хороскопски знаци?

16.11.2026

Овие два апарата никогаш не ги држете врз фрижидерот: Може да добиете повисока сметка, а не е ни безопасно

15.11.2026

Русите копале повеќе од 12 километри во длабочината на Земјата: Она што го пронашле ќе остави многумина без зборови

15.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ВО ТЕК ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: На удар газди и директори на позната приватна болница, поранешен директор на ФЗОМ и тројца вработени

ВО ТЕК ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: На удар газди и директори на позната приватна болница, поранешен директор на ФЗОМ и тројца вработени

3 недели ago

ДИК објави првични неофицијални резултати од гласањето во четири општини

10 месеци ago

Популарни Вести

  • Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Банкарството јакне: За една година активата пораснала за над 1,4 милијарди евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Другите оперативни приходи го носат најголемиот дел од растот на приходите на Македонијатурист

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Брисел: Македонија заслужува европска иднина со почитување и заштита на националните интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.