недела, октомври 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски од Нови Сад: Народот што го чува својот јазик и култура секогаш има иднина

by admin
31.05.2026
in Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Нови Сад се обрати на свечената академија по повод одбележувањето на „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“, испраќајќи силни пораки за значењето на јазикот, културата и националниот идентитет.

Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека народот кој ги чува своите корени никогаш не се губи, народот кој го негува својот јазик никогаш не останува без дом, а народот што ја зачувува својата култура секогаш има сигурна иднина.

Тој нагласи дека идентитетот не се зачувува сам по себе, ниту јазикот може да опстане без посветеност и грижа. Според него, за едно име да се одржи низ осум децении потребни се генерации луѓе кои одбиваат да заборават кои се и од каде потекнуваат.

„Потребни се родители кои дома го зборуваат мајчиниот јазик, учители кои ја пренесуваат традицијата, културни работници, духовници и сите оние кои организираат културни настани, фестивали, изложби и академии. Народ без култура е народ без меморија, а народ без меморија лесно може да ја изгуби својата насока“, порача премиерот.

Осврнувајќи се на македонската заедница во Србија, тој оцени дека нивната приказна претставува пример како може да се создаде нов дом без да се заборави стариот и како може истовремено да се биде лојален граѓанин на државата во која се живее, но и достоинствен чувар на сопствениот национален и културен идентитет.

Мицкоски истакна дека токму таа способност да се зачува сопствениот идентитет, а истовремено да се гради почит кон другите, претставува вредност која може да биде пример не само за Балканот, туку и пошироко.

Во своето обраќање тој зборуваше и за блиските односи меѓу Македонија и Србија, нагласувајќи дека двете држави не ги поврзуваат само политички и институционални врски, туку и заеднички културни вредности, историски искуства и човечки односи.

„Нè поврзуваат луѓето, генерациите кои растеле во исти културни и духовни простори, песните што ги знаеме, книгите што сме ги читале и вредностите со кои сме воспитувани. Балканот напредува кога народите градат доверба и заемна почит, а не кога се оттурнуваат едни од други“, истакна премиерот.

Тој порача дека во време на нови глобални предизвици и геополитички тензии, потребно е да се градат мостови наместо ѕидови и да се зачува блискоста која се создавала низ генерации.

Од Нови Сад, Мицкоски испрати порака на пријателство, почит и заедништво, нагласувајќи дека иднината треба да се гради врз вредностите што ги поврзуваат народите, а не врз разликите што ги разделуваат.

Посебна порака упати до младите Македонци кои живеат во Нови Сад, Панчево, Јабука, Качарево, Зрењанин, Белград, Врање, Ниш, Лесковац и во другите градови во Србија каде живее македонската заедница. Тој ги повика да бидат успешни, образовани и современи, но никогаш да не ги заборават своите корени, јазик и традиција.

Мицкоски оцени дека Војводина и Нови Сад со децении претставуваат простор каде различностите се богатство, а не пречка за заеднички живот, додавајќи дека Македонците имаат свое заслужено и достоинствено место во таа мултикултурна средина.

Во состав на македонската делегација предводена од премиерот беа и вицепремиерот за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков.

На свечената академија свои обраќања имаа и претседателот на Владата на Србија Ѓуро Мацут, претседателката на Покраинската влада на Војводина Маја Гојковиќ, како и претседателката на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, Зорица Митровиќ.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Мицкоски: Силна Брвеница се гради со исполнети ветувања и партнерство со граѓаните

24.10.2026

Значаен духовен настан за Македонија: Молебен за Свети Еразмо Охридски во Ватикан

24.10.2026

Што криел еден од најбогатите гробови во Охтидско?

24.10.2026
Летното сметање започнува: Ефектите на сезонското поместување на часовникот

Подолга ноќ, порано стемнување: Почнува зимското сметање на времето

24.10.2026

Милошоски: Македонија ги зацврстува стратешките врски со САД и ја потврдува усогласеноста со ЕУ

24.10.2026

Мицкоски: „Свои на своето!“ – со корен во минатото и со верба во иднината

24.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Ова се првите симптоми на западнонилската треска – кога треба да се побара лекарска помош

2 месеци ago

Трамп не попушти за визите за Бугарија, американските авиони ја напуштаат Софија

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Архивите бележат 405 иселени семејства од Пиринска Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Потрага по злато заврши со апсење на повеќе лица во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Инцидент во скопско казино: Млад вработен пријавил закани и обид за напад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тотален хаос во Тирана: Се каменуваат и палат министерства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фалсификувани евра сошиени во јакна: 19-годишен македонски државјанин останува во притвор во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.