среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Пијан жител на Росоман нападнал 18-годишник со стаклен предмет, и му се заканувал на градоначалникот

by admin
31.05.2026
in Црна Хроника

Триесет и петгодишен жител на Росоман е приведен од полицијата откако во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир, физички нападнал 18-годишно момче и претходно објавувал содржини со заканувачки карактер кон градоначалникот на општината, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, на 31 мај околу 00:40 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци го лишиле од слобода И.А. (35) од Росоман. Тој бил затекнат на улицата „Пролетерска“, каде се однесувал агресивно, дрско и непристојно, а притоа не ги почитувал наредбите на полициските службеници при извршување на нивните службени задачи.

Во текот на постапувањето било утврдено и дека претходно во угостителски објект во Росоман физички го нападнал Л.Л. (18) од селото Паликура. Според пријавата, при нападот употребил стаклен предмет, при што му нанел повреди на младото лице.

По извршениот алкотест, полицијата утврдила дека приведениот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,03 промили алкохол во крвта.

Од МВР дополнително соопштија дека против истото лице веќе била водена постапка. На 30 мај со него бил извршен службен разговор по пријава дека од април годинава преку социјална мрежа објавувал содржини насочени кон градоначалникот на Општина Росоман, Ѓ.К. (37), со што кај него предизвикал чувство на страв и загрозеност.

За двата случаи е известен надлежен јавен обвинител, а по нивното целосно расчистување и документирање против осомничениот ќе бидат поднесени соодветни кривични и прекршочни пријави.

Надлежните институции продолжуваат со преземање мерки за целосно утврдување на сите околности поврзани со инцидентите.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Фатен на дело со коверт полн пари: 63-годишник од Скопје осомничен за примање поткуп

18.11.2026

Полициска акција на повеќе локации во Скопје: Приведени седум лица поради сомнение за дрога

18.11.2026
Почина Нито Сантапаола, познатиот бос на Коза Ностра

30 дена притвор за охриѓанецот кој ја претепа девојката

17.11.2026

500 евра за дозвола да се гради? Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување приведен

17.11.2026

18-годишник од тетовско уапсен поради лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

17.11.2026

Уапсени лекарка, две медицински сестри и техничар: Се проширува случајот за смртта на пациент во Загреб

16.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

6 места во Македонија што мора да ги посетите барем еднаш

2 месеци ago

Четворица загинати и двајца тешко повредени во сообраќајна несреќа кај Нови Пазар

7 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО – „Црвена река“ од милиони ракови: Почна необичната преселба на Божиќниот Остров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Замор, трнење и заборавеност: Недостигот на витамин Б12 може да личи на знаци на стареење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возачите не внимаваат на зимската замка во која често паѓаат: Светилката на инструмент-таблата нема да ве предупреди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прогласена кризна состојба во Штип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја на локации во Петровец, Кисела Вода и Горно Соње

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.