вторник, октомври 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Згрижувачките семејства се вистински херои кои им даваат љубов и надеж на децата

by Redakcija
01.06.2026
in Република, Топ Вести

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето и Меѓународниот ден на згрижувачките семејства, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до сите деца и згрижувачки семејства, истакнувајќи ја нивната значајна улога во обезбедувањето сигурна и топла семејна средина за децата на кои им е потребна грижа и поддршка.

Проданоски нагласи дека секое дете заслужува да расте во дом исполнет со љубов, разбирање и сигурност, а згрижувачките семејства се пример за хуманост и несебична посветеност.

„Згрижувачките семејства се вистински херои на нашето време. Тие им отвораат дом и срце на децата кои поминуваат низ животни предизвици и им овозможуваат нова надеж, топлина и чувство на припадност“, порача Проданоски.

Тој посочи дека Прилеп е пример за солидарност и општествена одговорност, имајќи предвид дека од вкупно 60 згрижувачки семејства во Пелагонискиот регион, дури 25 се од Прилеп.

„Овој податок е доказ за хуманоста на нашите сограѓани, но и поттик за сите кои имаат можност да размислат за оваа благородна мисија и да станат дел од семејството на згрижувачи“, истакна градоначалникот.

По повод денешниот празник, Општина Прилеп организираше средба со претставници од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства од Битола, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп и згрижувачките семејства од општината.

Проданоски потенцираше дека Општина Прилеп останува посветена на развојот на социјалните политики и поддршката на ранливите категории граѓани преку реализација на проекти и услуги кои придонесуваат за подобар квалитет на живот.

На крајот, тој упати честитки до сите деца со желба да растат среќно, безгрижно и исполнето, како и до сите згрижувачки семејства кои секојдневно покажуваат дека љубовта и грижата можат да променат живот.

„За секое дете да расте во семејство“, порача градоначалникот на Прилеп.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Коњановски: Нови топлински пумпи во ОУ „Стив Наумов“ за енергетски ефикасно и позелено училиште

27.10.2026

Проданоски: По 14 години, меѓународниот тутунски форум повторно во Македонија

27.10.2026

Мицкоски: Целта е јасна – да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот

27.10.2026

Димовски: Наместо да очекува брзо членство, регионот да бара посилно економско интегрирање со ЕУ

27.10.2026

Прекини во снабдувањето со струја утре во Тетовско

26.10.2026

Македонската берза во раст со МБИ10 повисок за 0,26 отсто и најголем промет со акциите на Комерцијална банка

26.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Утре без струја повеќе населени места во Тетово и тетовско – еве каде ќе има прекини

5 месеци ago

Општина Прилеп: Одбележани 123 години од смртта на Гоце Делчев и 114 години од смртта на Пере Тошев

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Претставнички на Германската стопанска комора ја посетија фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров за пет дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Нови топлински пумпи во ОУ „Стив Наумов“ за енергетски ефикасно и позелено училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Високите камати ги одвраќаат купувачите: Најголем пад на интересот за станбени кредити во еврозоната

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.