понеделник, ноември 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа

by Redakcija
03.06.2026
in Економија

Винарската визба „Тиквеш“ доби уште едно значајно меѓународно признание за квалитетот и начинот на управување со своите лозови насади, откако лозовиот насад Лепово се стекна со „Платинест статус на извонредност“ во рамките на годишната евалуација спроведена од меѓународниот експертски тим на Perleuve, предводен од реномираниот агроном и истражувач Џовани Бигот.

Во конкуренција од повеќе од 2.200 мониторирани лозови насади од Италија и Медитеранот, ова признание за 2025 година го добија само 11 лозја, што го позиционира Лепово меѓу најдобрите 0,25% лозови насади во регионот. Дополнително, лозовите насади на „Тиквеш“ во Барово, Бела Вода и Демир Капија добија „Златен статус на извонредност“, признание кое им е доделено на само околу 2,5% од оценуваните лозја.

За „Тиквеш“, овие признанија претставуваат потврда дека квалитетот на виното започнува во лозјето и дека врвните резултати се постигнуваат преку долгорочна посветеност на развојот на лозовите насади, зачувувањето и истакнувањето на уникатноста на тероарот, како и преку примена на современи научни и технолошки пристапи во лозарството. Токму затоа, „Тиквеш“ континуирано инвестира во истражување, мониторинг, анализа и воведување современи практики кои овозможуваат носење прецизни и навремени одлуки во секоја фаза од производствениот процес.

Во изминатите години компанијата воспостави напреден систем за дигитално следење и управување со лозовите насади, што овозможува развој на прецизно лозарство базирано на податоци. Преку системот континуирано се следат и анализираат  голем број параметри поврзани со развојот на лозјата, климатските услови и квалитативниот потенцијал на грозјето.

Рангирањето на лозовите насади се спроведува според Бигот индексот – научно заснован систем за проценка на квалитативниот потенцијал на лозјата. Ваквиот пристап овозможува објективна проценка на потенцијалот на лозовите насади за производство на врвно грозје и врвни вина.

Според Александра Ристова, раководител на секторот за управување со лозови насади во ВВ „Тиквеш“, признанието претставува потврда дека долгорочната стратегија на компанијата за развој на прецизно и научно базирано лозарство создава мерливи резултати.

„Ова признание е потврда за нашата определба дека врвните вина се создаваат преку врвно грозје, а врвното грозје се произведува само со длабоко разбирање на тероарот, континуирано следење на лозовите насади и носење одлуки базирани на податоци. Денес лозарството се соочува со сериозни предизвици поврзани со климатските промени и токму затоа инвестираме во истражување, дигитализација, анализа на податоци и современи методологии за управување со лозовите насади. Нашата цел не е само да произведеме висококвалитетно грозје, туку максимално да ја истакнеме автентичноста на секој тероар и неговиот уникатен карактер во вината што ги создаваме. Успехот на вината на ,Тиквеш’ на најреномираните светски вински натпревари е директен резултат на работата што ја вложуваме во лозјето. Зад секоја награда стојат знаење, професионалност, посветеност, континуирано учење и тимска работа. Овие резултати се заслуга на нашите агрономи, енолози, вработени во лозовите насади, како и на нашите партнер-лозари кои ги следат истите високи стандарди за производство. Истовремено, тие се потврда за исклучителниот потенцијал на македонските тероари, кои претставуваат темел на препознатливоста и автентичноста на вината на ,Тиквеш’“, изјави Ристова.

Постигнатите резултати се дел од пошироката стратегија на „Тиквеш“за континуирано унапредување на квалитетот преку интеграција на науката, иновациите, искуството и традицијата во сите сегменти на производството. Компанијата останува посветена на развојот на одржливо и современо лозарство кое ќе овозможи уште поуспешно претставување на македонските тероари и вина на светската винска сцена.

Успехот на „Тиквеш“ потврдува дека врвните вина не се создаваат случајно. Тие се резултат на долгорочна визија, висока професионалност, научен пристап, постојана адаптација кон новите предизвици и пред сè, на уникатните тероари кои претставуваат најголема вредност и конкурентска предност на македонското лозарство и винарство.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Берзанскиот промет во октомври намален за 45,56 отсто, послабо и класичното тргување

08.11.2026
ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

08.11.2026
„Алта банка“ од 9 ноември со нови правила: Повисок лимит, нови шалтери и целосен пристап до новите плати и пензии

„Алта банка“ од 9 ноември со нови правила: Повисок лимит, нови шалтери и целосен пристап до новите плати и пензии

08.11.2026
Брисел нотира напредок: Царината наплатила над 2,1 милијарди евра, физичките проверки повеќе од двојно зголемени

Брисел нотира напредок: Царината наплатила над 2,1 милијарди евра, физичките проверки повеќе од двојно зголемени

08.11.2026

РУДАРСТВО.мк: Брисел прогласи осум нови проекти за ископување на руда за стратешки

07.11.2026

Речиси секој трет доселеник размислувал да ја напушти Германија: Што покажуваат бројките за македонските граѓани?

07.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Масовно труење со салмонела во позната македонска компанија: Ова е кетеринг фирмата која ја подготвила храната

4 месеци ago

24 годишна девојка од Скопје: Дневницата е 50 евра, но работата е кошмар

6 месеци ago

Популарни Вести

  • ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

    ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од четири скопски општини: Проверете ги улиците и термините

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ракометната федерација на Македонија најави остар приговор до ЕХФ и грчката федерација поради кратенката НМКД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО |АФЕРАТА СО „КУБАНСКИТЕ ВАКЦИНИ“ СЕ ПРОШИРУВА: Истиот човек наводно мамел и во име на лицата со инвалидитет – ТВ Телма открива нови шокантни детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Страшна сообраќајна несреќа во Сплит: Три лица се борат за живот, мотоцикл се запалил по силен судир со автомобил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.