петок, ноември 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Спорт

САД им издадоа визи на иранските фудбалери, но дел од раководството остана без дозвола за влез

by Redakcija
06.06.2026
in Спорт

Фудбалската репрезентација на Иран ги доби потребните визи за настап на Светското првенство во Соединетите Американски Држави, но дел од административниот персонал сè уште чека одобрение за влез во земјата.

Американски претставник за Ројтерс потврдил дека играчите ги добиле визите десет дена пред првиот натпревар на Иран во Лос Анџелес. Сепак, иранските медиуми објавија дека неколку високи функционери на националната федерација останале без визи.

Според агенцијата „Тасним“, меѓу нив се извршниот директор Мехди Харати, генералниот секретар Хедајат Момбини и директорот за медиуми Мохсен Мотамедкија.

Иако немаат визи, тие ќе отпатуваат со репрезентацијата во Мексико додека продолжуваат процедурите за добивање дозвола за влез во САД.

Иранската фудбалска федерација реагираше остро, оценувајќи дека постапката на САД е спротивна на меѓународните спортски правила. Од федерацијата најавија дека случајот ќе го покренат пред ФИФА, обвинувајќи ја американската администрација за политички мотивирана одлука насочена против иранскиот национален тим.

Според соопштението на федерацијата, одбивањето визи за клучни членови на раководството претставува „неспортска и политичка одлука“ која може да влијае врз подготовките на репрезентацијата за мундијалот.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Кејн останува во Минхен: Баерн го задржува својот голгетер до 2029 година

05.11.2026

Од интернет-мем до раскинати договори: Мбапе предизвика реакции во Кина

27.10.2026
Волкановски испиша историја во UFC: Го запре непоразениот Евлоев и го надмина Жозе Алдо

Волкановски испиша историја во UFC: Го запре непоразениот Евлоев и го надмина Жозе Алдо

25.10.2026

Роналдо казнет со 255 евра – сума што ја заработува за неколку секунди

20.10.2026

Стадион со ролеркостер: Швајцарски клуб претстави проект вреден стотици милиони евра

14.10.2026

Меси во солзи го одигра последниот меч за Аргентина: Крај на една ера

07.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Ракетен напад врз италијанската база во Ирак

Ракетен напад врз италијанската база во Ирак

8 месеци ago

Општина Битола: По отстранувањето на гаражи следуваат нови паркинзи во повеќе делови на градот

8 месеци ago

Популарни Вести

  • ЕУ губи околу 59 милијарди евра годишно поради префрлање профит во даночни оази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Посебен сообраќаен режим во Скопје за Задушница: Од 6 часот еднонасочно кон гробиштата во Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУДАРСТВО.мк: По четири децении во Франција доделена прва рударска концесија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ја носел мајка си да питачи, ја надгледувал и ѝ ги одземал парите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Иницијатива за „Бизнис клуб Битола“ и поголема поддршка од компаниите за локалната заедница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.