вторник, ноември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Блискиот Исток на раб на експлозија: Иран се закани со удари врз Израел и американските бази по ударот врз Бејрут

by admin
07.06.2026
in Свет

Тензиите на Блискиот Исток дополнително се зголемуваат откако Иран упати остри закани кон Израел и Соединетите Американски Држави по најновите израелски напади врз јужните предградија на Бејрут.


Портпаролот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Ебрахим Резаи, порача дека Техеран подготвува „цврст и болен одговор“ на, како што ја нарече, израелската агресија врз либанската престолнина.
„Ќе одговориме цврсто и болно на агресијата на ционистичкиот режим кај Бејрут. Овие бесни кучиња мора да ги дисциплинираме и да ги ставиме на нивното место“, изјави Резаи.


Во меѓувреме, претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач Мохамед Багер Галибаф предупреди дека Иран е подготвен и за директна конфронтација со САД доколку продолжи израелската воена операција во Либан.


Според него, поддршката што Вашингтон му ја дава на Израел ги прави американските воени бази во регионот потенцијални цели.
„Зеленото светло што САД му го даде на ционистичкиот режим ги претвора американските бази во регионот во легитимни цели“, напиша Галибаф на социјалната мрежа Икс.


Тој нагласи дека иранските вооружени сили се подготвени за дејствување и предупреди дека доколку продолжи израелската агресија врз Либан, Техеран нема да се ограничи само на дипломатски чекори.
„Ако продолжи израелската агресија против Либан, нема да го прекинеме процесот на преговори, туку веднаш ќе се впуштиме во директна конфронтација со непријателот“, изјави Галибаф.


Претходно, Либанската национална новинска агенција (ННА) соопшти дека израелските напади биле насочени кон два стана во квартот Дахија, упориште на движењето Хезболах во јужниот дел на Бејрут.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападите претставуваат одговор на ракетните напади врз северниот дел на Израел. Израелските власти соопштија дека утрово биле регистрирани најмалку пет проектили истрелани од територијата на Либан.


Засега Хезболах не ја презеде одговорноста за ракетните напади, додека меѓународната заедница со загриженост ги следи настаните поради стравувањата дека конфликтот би можел дополнително да се прошири и да вовлече нови регионални и светски актери.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Русија со сериозно предупредување до Естонија: „На работ сте да предизвикате отворена војна“

23.11.2026

Масовна евакуација во Украина: Зеленски побара помош од САД

23.11.2026

Путин: Крајот на војната зависи од Украина – Киев мора да ги прифати компромисите

23.11.2026

Трамп со жестоки обвинувања: „Сето ова е огромна измама!“

23.11.2026

Скандал со вештачка интелигенција во Јужна Кореја: Министерот за образование поднесе оставка

23.11.2026

Американците масовно купуваат вода и генератори, Британците складираат храна: Што се случува?

23.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Делови од Центар денес без вода, утре можни прекини во Бутел и Радишани

7 месеци ago

Намалување на бројот на невработени во ЕУ

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Да ги охрабриме младите жени да преземаат раководни позиции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали јаболкото е подобро да се јаде наутро или навечер? Еве што велат експертите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куче херој спаси девојче од давење во базен: Снимката го обиколи светот (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинески автомобил забранет во цела ЕУ: Премногу личи на „Ленд Ровер Дефендер“, казните достигнуваат 10 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ: Ако се обидат да ме уапсат, ќе штрајкувам со глад – милион луѓе ќе излезат на улиците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.