вторник, октомври 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

КАТАСТРОФА НА ФИЛИПИНИТЕ: Објавени ПРВИ СНИМКИ од разорниот земјотрес од 7.8 степени, расте бројот на мртви и стравот од цунами (ФОТО+ВИДЕО)

by Redakcija
08.06.2026
in Свет

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат урнати згради и причинета голема материјална штета од земјотресот. Сепак, се уште нема целосни информации за обемот на штетите, додека спасувачките служби продолжуваат да ги посетуваат погодените подрачја

Властите ги предупредија жителите на крајбрежните области да се држат подалеку од брегот и да ги следат упатствата, бидејќи опасноста од големи бранови може да трае неколку часа по главниот удар.

Најмалку 15 лица загинаа во силен земјотрес со магнитуда од 7,8 степени што го погоди јужниот дел на Филипините утрово, а спасувачките операции се во тек откако се урнаа неколку згради. Епицентарот на земјотресот беше југозападно од Масим во покраината Сарангани на јужниот остров Минданао, објави Институтот за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs). Земјотресот беше силно почувствуван и во градот Генерал Сантос, дом на околу 70.000 жители.

Најмалку 15 лица загинаа, а повеќе од 120 се повредени во јужниот дел на Филипините, според бројките на цивилната заштита. Предупредувања за цунами беа издадени во делови од земјата, но беа повлечени по неколку часа. Земјотресот го погоди островот Минданао, а поради опасноста од големи морски бранови, властите на Филипините и соседна Индонезија издадоа предупредување за цунами.

Германскиот центар за геолошки науки (ГФЗ) објави дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Првично, јачината на земјотресот е проценета на 8,2, но подоцна е коригирана на 7,8 степени.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат урнати згради и причинета голема материјална штета од земјотресот.

Засега нема целосни информации за обемот на штетите, додека спасувачките служби продолжуваат да ги посетуваат погодените подрачја.

Властите ги предупредија жителите на крајбрежните области да се држат подалеку од брегот и да ги следат упатствата, бидејќи опасноста од големи бранови може да трае неколку часа по главниот удар.

Началникот на полицијата на градот Алабела во филипинската покраина Сарангани, изјави дека ова е најсилниот земјотрес што некогаш го почувствувале.

Според него, неколку луѓе се онесвестиле поради силното тресење на земјата што го погодило подрачјето за време на церемонијата на кревање на знамето.

Жителите на градот Манадо во северна Индонезија, исто така, објавија дека земјотресот многу силно е почувствуван во нивната област. Филипините се наоѓаат на таканаречениот Пацифички огнен прстен, област позната по чести земјотреси и вулкански ерупции.

Another video captures the Jollibee building collapse in General Santos, Philippines following powerful earthquake. No word on casualties. https://t.co/LJEVl0qTjC pic.twitter.com/DgixNijwoY

— AZ Intel (@AZ_Intel_) June 8, 2026

Силните земјотреси не се невообичаени во земјата, но експертите предупредуваат дека плитките земјотреси како овој честопати предизвикуваат најголема штета и се сериозна закана за населението.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Киев нападнат со балистички ракети, воздухопловните сили не добиле известување за лансирањата

13.10.2026

Макрон контра Трамп: Нема отстапки пред руските закани

13.10.2026

Кос: Билатералните прашања не треба да се внесуваат во процесот на проширување

13.10.2026

САД се закануваат со блокирање на оружјето за Украина, тврдат европски извори за „Фајненшл тајмс“

13.10.2026

ЕК: Нема знаци дека Русија го почитува најавеното енергетско примирје

12.10.2026

Продолжен прекинот на летовите во Ријад, отворањето на аеродромот останува неизвесно

12.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Путин не отстапува: Руските стратешки нуклеарни сили подготвени за секое сценарио

3 месеци ago
Случај на малтретирање во Идризово заврши со признавање на повреда од страна на државата пред Судот во Стразбур

Случај на малтретирање во Идризово заврши со признавање на повреда од страна на државата пред Судот во Стразбур

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски: Очекуваме раст на БДП од 3, 5 %, градежништвото останува силен двигател на економскиот развој на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Карпош и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја повеќе населени места во тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Градиме истоверемено шест автопати, на Македонија и се случува силен инфраструктурен развој

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Прилеп доби признание за лидерство во циркуларната економија на Западен Балкан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.