сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Бегство од брзото секојдневие: Селата во Туркије меѓу најпосакуваните дестинации за мирен одмор

by Redakcija
09.06.2026
in Магазин

Расте интересот за помирни патувања на глобалната туристичка сцена. Ако минатата година вакви искуства барале 22 отсто од туристите, годинава дури 26 проценти од нив се интересирале за мирен, наместо за динамичен одмор, говори Извештајот на Европската комисија за перспективите на туризмот. Брзото темпо на урбаниот живот се смета како главна причина што луѓето за својот одмор сѐ повеќе одбираат патувања со побавно темпо, а неколку села во Туркије се сметаат за одлични дестинации. Тие на туристите им нудат автентична култура, гастрономија од фарма до трпеза, традиционални занаети и богата архитектура.

Барбарос, кое Агенцијата на ОН за туризам го вброи меѓу „Најдобрите туристички села за 2025 година“, е сместено во Урла, Измир, и е старо 700 години. Таму времето тече побавно, а посетителите можат да престојуваат во зачувани камени куќи, да шетаат по уличките со калдрма или да купуваат во продавниците за ракотворби, како поддршка за локалните жени-занаетчии. Прочуена традиција во Барбарос е „Тропни на врата“, каде знак на влезната врата ги кани посетителите на домашен оброк, подготвен со локално маслиново масло, зеленчук од домашните градини и свежи билки. Меѓу омилените специјалитети е катмер, топло печиво полнето со домашно сирење, магдонос и кромид. Во пролет, мештаните собираат еден вид лаванда, која му дава мирисна нота и препознатливост на селото. За туристите кои сакаат локални обичаи, септемврискиот Фестивал на страшилата е искуство што не треба да се пропушти. Селото со својот рурален шарм е одлично за мирни вечери, а на само три километри се наоѓа Винската рута, со голем број ресторани препорачани од Водичот MICHELIN, кои нудат префинети специјалитети.

Во Анталија се лоцирани две фасцинантни бавни села признати од Агенцијата на ОН за туризам. Кале Учагиз е познато и како „Селото на замокот“, а освојува со спојот на мир, богата историја и авантура. Тесните улички опкружени со камени куќи водат до семејни ресторани, уметнички работилници, како и до средновековниот замок по кој селото го добило името. Околината е идеална за пловење, кајакарење и нуркање. Селото се смета и за порта кон прочуената Ликиска патека, една од најпознатите долги пешачки рути во светот. Во близина се наоѓаат и античкиот град Мира, како и Црквата на Свети Никола во Демре, посветена на светецот познат како Дедо Мраз.

Ормана, пак, е село сместено на планината Таурус, а е познато по своите уникатни „куќи со копчиња“, изградени од локален камен и кедрово дрво, без употреба на малтер и со техники што се пренесуваат од генерација на генерација. Денес многу од нив работат како бутик-хотели. Автохтоните билки, грозјето и гроздовата меласа, во комбинација со локално козјо сирење, го отсликуваат богатството на локалната кујна. Традиционалното свилено ткаење Гиламик, пак, може да биде убав сувенир. Во близина се наоѓа пештерата со најголемото подземно езеро во Туркије, како и рамнината низ која слободно талкаат диви коњи. Ормана е вклучена и меѓу најдобрите одржливи патувања на GoTürkiye.

Анитли, порано познато како „Хах“ на сириски јазик, е село во регионот Тур Абдин кое привлекува со средновековниот амбиент, камената архитектура и културното наследство. Тоа е дел од локалитетот „Доцноантички и средновековни цркви и манастири во Мидјат“, кој се наоѓа на прелиминарната листа на светско наследство на УНЕСКО. Во Црквата на Богородица лоцирана во самото село на секои 15 дена се одржуваат литургии и утрински богослужби. Во непосредна близина е и манастирот Мор Габриел, најстариот активен сириско-православен манастир во светот, основан во 397 година, кој е задолжително да се посети. Лебот од наут подготвен според вековни рецепти, сириската бурек-пита, локалните туршии, како и бадемовите слатки, се неизбежни локални специјалитети. Посетителите најчесто престојуваат во традиционалните камени куќи во Мидјат, оддалечен околу 20 километри од Анитли, од кои многу биле користени како локации за популарни турски телевизиски серии. Сепак, како најавтентично искуство останува ноќевање во рамките на самиот црковен комплекс во селото.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Нов услов за патување кон Америка: Што треба да знаете пред да тргнете на аеродром?

30.10.2026

Пари што ги отпишале повторно се во игра: Финансиски хороскоп за 30 октомври

30.10.2026
НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА ПРОТИВ РАКОТ: Нова вакцина го намалува ризикот од враќање на болеста за 42 %

НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА ПРОТИВ РАКОТ: Нова вакцина го намалува ризикот од враќање на болеста за 42 %

29.10.2026

Дали секој месец одвојувате дел од платата? Едноставно правило може да ви помогне да создадете финансиска резерва

28.10.2026

Евтино возење или скапа сметка? Еве колку чинат 100 километри со бензинец, дизел и електричен автомобил

28.10.2026

Не чекајте го првиот снег: Што се случува со летните гуми кога температурите паѓаат?

28.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Труење во ресторан во Варезе: 18 лица со симптоми по вечерата поради истекување на гас

Труење во ресторан во Варезе: 18 лица со симптоми по вечерата поради истекување на гас

9 месеци ago

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ: ПРОСЛАВУВАЊЕТО НА СРПСКОТО ОСВОЈУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Е НАВРЕДА ЗА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

4 дена ago

Популарни Вести

  • Коњановски: „Камера 300“ го чува наследството на браќата Манаки и ги носи животните приказни на големото платно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ најави нови избори во Србија, па им порача на студентите: „Разрешувајте според закон, а не од парк“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против двајца полицајци – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнат и ограбен 62-годишник во Тетово: Повреден со остар предмет додека задржувал еден од напаѓачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучот останал на бравата: Тројца малолетници осомничени за кражба на автомобил од автоплац

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.