вторник, јули 14, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Колумна на Никола Тасев: Предлогот од Макрон и Мерц постави тешки задачи за ЕУ, Мицкоски и Филипче

by Redakcija
10.06.2026
in Македонија

Во ЕУ конечно почнаа посериозно да зборуваат околу проширувањето со земјите од Западен Балкан. Предлогот за постепено пристапување во Унијата поддржан од францускиот претседател Макрон и германскиот канцелар Мерц е вреден за разгледување.

Добро е што конечно тие увидоа дека досегашната пракса на Брисел да условува само со реформи и разни барања и на крајот на земјите кандидати да им вели – почекајте да видиме дали треба уште нешто да извршите – веќе не функционира. Дури и трпеливата Македонија (освен СДСМ – овецот Филипче) е уморна од таквите двојни стандарди и несериозности.

Е сега прашање е дали Брисел, сосе Макрон и Мерц ќе увидат дека за Македонија ова најавено постепено пристапување не е плодотворно. Не, не дека ние овде сме многу прибирливи, туку затоа што нашето стоење во место не е поради реформите, ниту поради поглавјата. Не е ниту во европските фондови, ниту во домашните задачи што ни ги испорачува ЕУ.

Нашата закоченост има име и презиме, седи во Софија и со години го злоупотребува правото на вето за да ја држи Македонија заглавена на европската раскрсница, држејќи го цврсто копчето на семофорот за да свети нон стоп црвено. Македонија не е заглавена на евроинтегративниот пат затоа што не стигнала до седмото или осмото поглавје, заглавена е затоа што не може да стигне ниту до првото, оти така си замислила Софија.

Од источниот сосед денес зборуваат за уставни измени, утре ќе зборуваат за јазик. Задутре можеби и за народ, за историјата, за традицијата… Искусивме доволно за да знаеме дека списокот на барања никогаш не завршува таму каде што ни ветуваат дека завршува.

И токму затоа, во Брисел, Париз, Берлин и во другите европски центри конечно треба да почнат да осмислуваат како да го надополнат предлогот за постепено проширување кога е во прашање Македонија.

Да, да…

Треба да размислат какви специфични правила ќе создадат за нашата држава. Бидејќи ние одамна не сме типичен кандидат. Нас ЕУ не направи нетипичен кандидат и сега треба да даде нетипичен позитивен предлог за нас. Оти нели велат не сакаат во ЕУ што побрзо.

Досега Македонија беше неправедно оставена со години да стои и да чека во ходникот на Европската Унија. Сега не ни е од помош што ни нудат во тој ходник да направат прозорец за да сме можеле да видиме што се случува во дневната соба на ЕУ, каде удобно седат членките.

Значи, се уште на потег е ЕУ. Предлогот на Макрон и Мерц засега е нон-пејпр, па нека наскоро стават на хартија видоизменет и соодветен предлог кој ќе стане официјален документ, каде ќе се вратиме на Копенхашките критериуми, без сопки и разни идентитетски вета на секој кластер. Треба да дообјаснат и дали ваквото членство е крајна понуда за нас или сепак главната цел е полноправно членство и кога тоа ќе биде. Потребна е јасна предвидливост на процесот. Македонија долго чекаше, ќе го почека и ова.

Секако на потег е и премиерот Мицкоски. Тој нека си се радува на успешните средби со Емануел Макрон и Фридрих Мерц, но и нека отвора „четири очи“. Верувам дека нивните пораки кон него биле искрени и дека Франција и Германија навистина сакаат да ја видат Македонија во ЕУ. Ама нека не заборава, идентитетот македонски мора да се сочува, а нека биде сигурен дека ќе има уште итри и подли обиди од разни соседски структури да ни биде скршен. Сето тоа тој мора да го предвиди, препознае и осмислено да одговори.

И нека не заборава, проширувањето не и е потребно само на Македонија, туку и на ЕУ. Оти во новата геополитичка карта на светот, секој квадратен километар од Европа што ќе остане надвор од Унијата станува потенцијален терен за влез на други глобални играчи, а тоа е ризик што Брисел не смее да си го дозволи ако навистина сака Европа да остане обединета и влијателна.

Затоа сопките што Бугарија и ги поставува на Македонија не се само сопки за нашата држава. Тие се сопки и за Европската Унија. Софија директно ја руши приказната што Брисел со години ја продава за Европа како заедница на вредности и семејство на народи.

Инаку, Мицкоски мора и дома да поработи повеќе околу реформите и борбата со корупцијата.

Индиректно, на потег е и и лидерот на СДСМ Венко Филипче. Тој всушност само треба конечно да разбере дека проблем не е Бугарите да бидат впишани во Уставот. Тоа никогаш не било суштинскиот проблем. Проблемот е што голем дел од бугарската политичка елита не се бори за правата на Бугарите во Македонија. Таа се бори за да го поткопа македонскиот идентитет, македонскиот јазик и историја.

И мора да разбере дека нема ништо глатко да оди понатаму во проширувањето ако сега без гаранции го смениме Уставот. Впрочем самата Софија тоа јасно му го покажува деновиве, не давајќи ни објаснување зошто само Бугарија го стопира македонскиот акциски план за малцинствата, за кој согласност дале сите останати земји од ЕУ, а е изработен со помош на експерти од Брисел.

Може ли Филипче тоа да го разбере?

Може ли Мицкоски да биде до крај внимателен?

Може ли ЕУ конечно да го врати процесот на проширување во фер и воедно забрзан ритам?

Македонија одамна го заслужи ова!

Колумна на Никола Тасев за Скопско Ехо

…

Related Posts

Галериите и шанковите изградени во 2024 ја блокирале евакуацијата во „Пулс“, тврди вештакот Марковски

13.07.2026

Мицкоски: Со реконструкцијата на Владата нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност

13.07.2026
vlada

Осум ресори добиваат нови министри – денеска седница во Собранието

13.07.2026
Сиљановска-Давкова со традиционален подарок за галичките младенци: Им подари пафта – симбол на плодноста и свадбеното богатство – ФОТО

Сиљановска-Давкова со традиционален подарок за галичките младенци: Им подари пафта – симбол на плодноста и свадбеното богатство – ФОТО

12.07.2026
Небото се отвори над Скопје: Пороен дожд, силни грмежи и ветер го погодија градот

Небото се отвори над Скопје: Пороен дожд, силни грмежи и ветер го погодија градот

12.07.2026

ВЛЕН: ДУИ протестираше за изгубените привилегии, а не за Тетово

12.07.2026

Препорачани Вести

Четириесет дена по Воскресението: Денес се слави Вознесението Христово

Четириесет дена по Воскресението: Денес се слави Вознесението Христово

2 месеци ago

Тетово неподготвено за системот „Safe city“?! – На улиците недостига соoбраќајна сигнализација

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Почина маж кој пред неколку дена паднал од тераса во Миладиновци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дел од Скопје утре ќе остане без електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дел од Тетово и голем дел од Тетовско утре ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Србија „седи“ на злато: Австралиска компанија откри наоѓалиште на вредни метали на Бобија кај Љубовија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп со шокантна најава: „Америка го презема Ормускиот теснец“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.