понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Банките инкасирале 118 милиони евра од провизии

by Redakcija
11.06.2026
in Економија

Добивките на банкарскиот сектор во земјава продолжуваат да растат, а значителен дел од заработката и натаму доаѓа од надоместоците и провизиите што ги плаќаат граѓаните и компаниите за користење на банкарските услуги.

Според најновите податоци на Народната банка, банките во текот на 2025 година оствариле повеќе од 118 милиони евра нето-приходи од провизии и надоместоци. Во однос на претходната година, тоа претставува раст од околу 3 милиони евра, односно 2,7 проценти.

Во исто време, вкупната добивка на банкарскиот сектор достигнала речиси 304 милиони евра, што е за околу 21 милион евра повеќе во споредба со 2024 година. Анализите покажуваат дека повеќе од една третина од вкупниот профит на банките потекнува токму од наплатените провизии.

Во Македонија функционираат 12 банки, а дел од нив веќе најавија измени во ценовниците и зголемување на надоместоците за одредени услуги. Овие најави предизвикаа реакции во јавноста и повторно го отворија прашањето за оправданоста на висината на банкарските трошоци.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оцени дека станува збор за услуги што секојдневно ги користат и граѓаните и компаниите, поради што прашањето за висината на провизиите заслужува поширока јавна дебата.

Тој нагласи дека централната банка во моментов нема законски механизми за директна интервенција во определувањето на банкарските надоместоци, но смета дека треба да се разгледаат можности за дополнување на законската рамка, по примерот на повеќе европски земји каде постојат инструменти за заштита на корисниците и обезбедување фер услови за користење на платежните услуги.

На оваа тема се осврна и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, која посочи дека надоместоците и провизиите што ги наплаќаат банките во моментов не се регулирани со закон.

Дебатата за банкарските провизии се интензивира во период кога профитите на банките бележат континуиран раст, додека дел од клиентите изразуваат незадоволство поради најавените поскапувања на услугите.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Една година КА Информативен центар на „Реплек“ за производите на база на медицински канабис: Бесплатните консултации сега достапни и преку онлајн закажување

23.11.2026

Вашингтон најавува силна поддршка за домашната рударска индустрија

23.11.2026

Добри вести за возачите – Од полноќ бензините поевтинуваат

23.11.2026

Авионските билети ќе поскапат до 20 отсто?

23.11.2026
Фабрика

Колку заработуваат автомобилските компании од секое продадено возило? Бројките изненадуваат

23.11.2026
Фершпед

Добивката на групата Фершпед порасна 10,6%, иако матичното друштво заработи помалку

23.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Починале Британци кои планинареле на +50 степени во пустината во близина на Дубаи

3 месеци ago

Трамп најави 76-метарска триумфална капија во Вашингтон

3 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Големо телевизиско враќање: Димитар Атанасовски со ново шоу на Телма – „Нека биде наше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година КА Информативен центар на „Реплек“ за производите на база на медицински канабис: Бесплатните консултации сега достапни и преку онлајн закажување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, редовните ќе се одржат во април 2028 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Младите инженери имаат можност да учат, да напредуваат и да работат на важни проекти дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.