среда, ноември 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Илјадници Албанци на протест: „Албанија не е на продажба“

by Redakcija
11.06.2026
in Балкан

ТИРАНА – Илјадници граѓани се собраа во центарот на Тирана на досега најголемиот протест против изградбата на луксузен туристички комплекс поддржан од Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.

Демонстрантите се собраа пред кабинетот на албанскиот премиер Еди Рама, носејќи транспаренти со пораки „Албанија не е на продажба“ и извикувајќи слогани за промени во земјата. Колоната од демонстранти се протегала долж една од главните градски сообраќајници.

Проектот, чија вредност се проценува на околу пет милијарди евра, предизвика силни реакции поради планираната локација во близина на заштитено природно подрачје кај Звернец, на јужниот брег на Албанија. Областа е позната како живеалиште на фламинга, морски желки и медитерански фоки.

Противниците на проектот предупредуваат дека изградбата може сериозно да му наштети на екосистемот, а изразуваат и загриженост поради, како што велат, недоволната транспарентност околу договорите со странските инвеститори.

Протестите, кои започнаа токму во Звернец, добија назив „Револуција на фламингата“, симболично поврзувајќи ја борбата за зачувување на природата со отпорот кон проектот.

Премиерот Еди Рама ги отфрли обвинувањата дека ќе биде загрозена животната средина, нагласувајќи дека ќе биде изработена проценка за влијанието врз природата и дека сите активности ќе се спроведуваат во согласност со законските процедури.

Во меѓувреме, и Европската унија испрати предупредување до Тирана, истакнувајќи дека усогласувањето со европските еколошки стандарди е еден од условите за напредок на Албанија во процесот на пристапување кон Унијата.

Незадоволството од проектот дополнително ги отвори прашањата за корупцијата и довербата во институциите. Дел од демонстрантите порачаа дека се уморни од политичкиот статус-кво и побараа нова ера за Албанија.

Луксузниот ресорт е иницијатива на Џаред Кушнер и неговата сопруга Иванка Трамп, кои во минатото изјавија дека се вљубиле во Албанија за време на посета со јахта. И покрај растечкиот отпор во јавноста, премиерот Рама изјави дека проектот ќе продолжи да се реализира.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Бугарија пред историска казна од ЕУ: Брисел се заканува со 23 милиони евра

25.11.2026

На Халкидики почнува со работа рудникот за бакар и злато, македонското рударство „тоне“

25.11.2026

Експлодирала бомба пред куќата на директорот на позната српска компанија

25.11.2026

Хрватска: Граѓаните ќе добиваат по 6 денари за амбалажа што досега се фрлаше во ѓубре

24.11.2026

Храброст или лудост: Што би се случило кога би го примениле црногорскиот модел за раст на платите?

24.11.2026

Скандал во Косово: Со лажна дијагноза за леукемија собрал речиси 190.000 евра за само 12 дена

24.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

САД без оптимизам за брз договор со Иран, Венс најави долги преговори

4 месеци ago
Дигитална манипулација пред изборите во Бугарија: 90 милиони прегледи за Румен Радев на TikTok

Дигитална манипулација пред изборите во Бугарија: 90 милиони прегледи за Румен Радев на TikTok

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Анџелина Џоли го напушта Холивуд: Продаде вила за речиси 25 милиони долари, мирот го бара во една азиска земја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукашенко му понуди на Зеленски заедно да одат во Москва: „Ќе седам до него и ќе му ја гарантирам безбедноста“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрана за издавање кредити: Казнети две финансиски друштва по вонредни контроли

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бугарија пред историска казна од ЕУ: Брисел се заканува со 23 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџа: Заштитата на Вардар мора да биде долгорочен државен приоритет, потребни се заедничка одговорност и одржливо финансирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.