среда, октомври 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Македонец дел од елитата: Петар Поповски избран за член на престижната Данска академија

by Redakcija
11.06.2026
in Магазин

Македонскиот научник Петар Поповски е назначен за член на Кралската данска академија на науките и книжевноста, една од најпрестижните научни институции во Данска.

Веста ја соопшти самиот Поповски преку објава на социјалните мрежи, истакнувајќи дека членството во Академијата претставува голема чест и признание за неговата долгогодишна научна работа.

„Привилегиран сум што станав член на Кралската данска академија на науките и книжевноста, чијшто некогашен претседател е еден од моите херои, Нилс Бор. Би сакал да им се заблагодарам на научниците кои ја поддржаа мојата номинација и со нетрпение очекувам да придонесам за активностите на Академијата преку призмата на теоријата на комуникацијата и технологијата“, напиша Поповски.

Од Академијата информираа дека 30-те новоизбрани членови ќе учествуваат во нејзините активности насочени кон унапредување на научните истражувања во служба на општеството. Со тоа, тие се приклучуваат на друштво во кое низ историјата членувале истакнати научници како Нилс Бор и Ханс Кристијан Орстед.

Петар Поповски е роден во Охрид во 1973 година. Дипломирал и магистрирал на Електротехничкиот факултет во Скопје, а докторирал во 2004 година на Универзитетот во Олборг во областа на безжичните комуникации.

Денес тој е препознаен како еден од водечките светски експерти во областа на безжичните комуникациски системи, комуникациската и информациската теорија. Неговата научна кариера е тесно поврзана со Универзитетот во Олборг, каде што работи повеќе од две децении.

Покрај тоа, Поповски е визитинг професор на Универзитетот во Бремен во Германија, главен уредник на престижното научно списание IEEE Journal of Selected Areas in Communications и претседател на IEEE Communication Theory Technical Committee, едно од највлијателните тела во областа на телекомуникациите.

Тој има значајна улога и во развојот на идните генерации комуникациски технологии. Претседава со Шведската истражувачка фондација за 6Г безжични системи, член е на Данскиот истражувачки совет за технологија и производство и е дел од раководните структури на повеќе компании и истражувачки организации поврзани со сателитските комуникации.

Зад неговото име стојат повеќе од 300 научни трудови објавени во меѓународни списанија, книги и конференциски изданија, како и повеќе од 30 патенти и патентни апликации.

Изборот на Петар Поповски за член на Кралската данска академија претставува уште едно значајно меѓународно признание за македонската наука и потврда дека знаењето, истражувањето и посветеноста можат да остават силен белег и надвор од границите на државата.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Само 3.999 евра и 30 денари за 100 километри: Нов автомобил пристигнува на македонскиот пазар

07.10.2026

Финансиски хороскоп за 7 октомври: Еден знак може да добие неочекувана заработка

07.10.2026

Златна погребна маска откриена кај Корошишта: Богат гроб со шлем, штит, меч и копја

06.10.2026

Пиете повеќе вода? Еве како тоа може да влијае на крвниот притисок

06.10.2026

6 октомври: Починал царот Самоил, два месеца по трагедијата кај Беласица

06.10.2026

Цуцковски блесна во Сицилија: Со арии од „Тоска“ и „Турандот“ ја воодушеви публиката

06.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Министерството за енергетика воспоставува систем за сајбер безбедност, заштитата на институциите значи стабилна и безбедна држава

3 месеци ago
AI бумот ја зацврсти финансиската позиција на Nvidia со 75% пораст

AI бумот ја зацврсти финансиската позиција на Nvidia со 75% пораст

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Виш обвинител под истрага: Се сомничи дека ургирал за пониски казни во најмалку четири предмети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Изборот на Јустина Широка Пула е важен чекор за Косово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претрес во Гостивар: Пронајдени автоматска пушка и 127 куршуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски или украински дронови? Бугарија сè уште нема одговор за нападот врз бродовите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.