сабота, август 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ДЗС нуди 2.150 евра за гасење пожари летово – Еве кои услови треба да ги исполните

by Redakcija
12.06.2026
in Македонија

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) утрово сподели јавен повик до поранешните припадници на безбедносните сили и противпожарните единици за неколку видови на работни позиции.

Како што информираа од таму, паради организирано учество во гаснење на пожари на отворен простор и шумски пожари, на Дирекцијата за заштита и спасување и се потребни поранешни припадници на Полицијата, Армијата и Противпожарните единици за следните работи:

  •  Возачи на специјалните противпожарни возила (22 пинцгауери, 5 хермелини и 15 БТР-и пренаменети во противпожарни возила);
  •  Оператори на противпожарните пумпи вградени на специјалните противпожарни возила;
  •  Оператори со противпожарни водни ранци и метли.

„Дојдете, помогнете и заработете 2.150 евра за три месеци во текот на летото, гаснејки ги пожарите на отворен простор кои претстојат пред нас. Работното време ќе биде прилагодено на потребите за справување со пожарите на отворен простор односно се оди на терен во деновите кога има зголемен обем на пожари и се останува додека има потреба и услови за дејство. Користењето на слободни денови ќе се договора во зависност од потребите на теренот и од потребите на ангажираните лица. Воедно се погриживме да имаат доволно слободни денови за да можат да заминат на однапред планиран летен одмор“, се посочува во објавата на ДЗС.

Кандидатите треба да имаат најмалку петгодишно полициско, армиско или пожарникарско искуство, без разлика дали се во пензија или од други причини ги напуштиле или се отстранети од редовите на Полицијата, Армијата или Противпожарните единици. Потребно е да се здрави и во добра психофизичка кондиција соодветна на возраста.

Доколку се во пензија нивната пензија тече, не се прекинува, а за ангажманот со договор на дело во ДЗС ќе добијат дополнителни 44.000 денари месечно нето или 132.000 денари за три месеци (2.150 евра).

„Ние ќе организираме соодветни здравствени прегледи, основна проверка на нивната психофизичка состојба, кратка и ефективна противпожарна обука, ќе добијат противпожарна униформа и неопходна опрема, а потоа ќе започнат со организирано учество најпрво во полесни и поедноставни пожари а подоцна и во други пожари каде ќе има потреба од поддршка на локалните сили, на територијата на Македонија. Пријавувањето се врши со порака на меил-адресата на ДЗС: dzs@dzs.gov.mk, при што, покрај име и презиме и куса работна биографија, неопходно е да се наведе и личниот телефонски број за контакт“, се вели во објавата потпишана од директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

…

Related Posts

За влез во Грција се чека и до еден час: Колони на граничните премини

22.08.2026

ВЛЕН: Албанците ја испратија ДУИ во политичка историја, изборите ќе го потврдат крајот

21.08.2026
Жешко лето уште во мај: Европа под закана од температури до 16°C над нормалата

Македонија пред нов топлотен удар: Утре температурите ќе достигнат до 41 степен

21.08.2026

Милошоски: Бујар Османи со ширење лажни вести се обидува да ѝ наштети на Македонија

21.08.2026
Agria

Агриа за првпат извезе свинско месо од Македонија во Албанија

21.08.2026
„Безбеден град“ ги казнува и странците, МВР воведе апликација за полесно плаќање

„Безбеден град“ ги казнува и странците, МВР воведе апликација за полесно плаќање

21.08.2026

Препорачани Вести

Почина двегодишното дете повредено од залутан куршум на новогодишната ноќ

8 месеци ago

ВИДЕО – АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО ТЕХЕРАН: Огромни експлозии и огнен столб над градот по удари врз нафтени складишта

6 месеци ago

Популарни Вести

  • И Здравје и работа: Одлуките за рударството треба да се темелат на науката, стручноста и институционалната контрола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Прилеп добива нова уметничка и урбана димензија, монументалните скулптури ќе бидат дел од јавниот простор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Новиот правилник носи построга контрола и поголема заштита во игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ОВА СЕ СОПРУГИТЕ НА НАРКО ШЕФОВИТЕ ОД РЕГИОНОВ кои избегнале смрт покрај нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција, лишени од слобода повеќе лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.