сабота, ноември 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Муцунски во Даблин: Ирска ја потврди поддршката за европскиот пат на Македонија

by Redakcija
17.06.2026
in Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во Даблин оствари средба со ирската министерка за надворешни работи, трговија и одбрана, Хелен Мекенти, на која беше потврдена поддршката на Ирска за европската перспектива на Северна Македонија.

На средбата биле истакнати добрите билатерални односи меѓу двете земји, како и заедничката определба за нивно натамошно унапредување преку засилена политичка, економска и трговска соработка.

Посебен фокус бил ставен на процесот на европска интеграција, во контекст на претстојното ирско претседавање со Советот на Европската Унија, кое започнува на 1 јули. Муцунски изразил благодарност за континуираната и принципиелна поддршка од Ирска за политиката на проширување на Унијата и за европските аспирации на земјата.

Тој ја нагласил посветеноста на Владата на спроведување на реформите и истакнал дека членството во Европската Унија останува стратешка цел и клучен двигател на демократскиот и економскиот развој.

Во разговорите биле разменети мислења и за актуелните регионални и глобални предизвици, при што двете страни се согласиле дека на Европа ѝ е потребно поголемо единство и засилена соработка во услови на зголемени геополитички тензии.

Во рамки на посетата, Муцунски остварил и средба со членовите на Заедничкиот комитет за прашања поврзани со Европската Унија во ирскиот парламент, каде биле разгледани состојбите во процесот на евроинтеграција и реформските приоритети на Северна Македонија.

Тој нагласил дека кредибилен процес на проширување, заснован на заслуги и Копенхашките критериуми, е клучен за зачувување на довербата во европскиот проект и неговата улога во регионот.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Нови правила за возачите: Полицијата електронски ќе ја проверува исправноста на автомобилите

21.11.2026

Мицкоски во Делчево: Се реконструира здравствениот дом, започнува обновата на спортската сала

21.11.2026

Прекините продолжуваат и покрај предупредувањето до ЕВН: Се бара колективна тужба од Маврово и Ростуше

21.11.2026

Четиригодишен проект на „Булмак 2016“ за враќање на спортот меѓу младите во Пробиштип

21.11.2026

Зимата пристигнува во Македонија: Од понеделник нагло заладување и температури под нулата

21.11.2026

Проданоски: Десет нови телевизори за Домот „Киро Крстески – Платник“, во буџетот за 2027 се планираат подобри услови

20.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Пријавен физички напад врз малолетник во основно училиште во Прилеп: Еден од учениците го снимал настанот

Пријавен физички напад врз малолетник во основно училиште во Прилеп: Еден од учениците го снимал настанот

6 месеци ago

Мицкоски: Европа останува единствена иднина, но идентитетот не е за преговарање

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Рерната ќе блесне без напорно триење: Потребна ви е само една таблета што веќе ја имате дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наташа покажа како се живее во еден од најсуровите градови во светот: Снег 244 дена, температури до минус 56 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пиете кафе секој ден? Научниците открија интересна поврзаност со работата на цревата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заборавено парче мебел повторно станува хит: Некогаш го имаше во речиси секој дом

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Два државни турнира во Битола: Младите пингпонгари играат за титула и пласман на „Топ 8“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.