четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на Буџетот обезбедува повеќе инвестиции и поддршка за граѓаните

by Redakcija
23.06.2026
in Економија, Топ Вести

Владата денеска, на предлог на Министерството за финансии, ги усвои Измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година, со кои се врши усогласување на буџетските проекции со актуелните економски движења и се обезбедуваат дополнителни средства за реализација на развојните приоритети на државата.

Како што кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата, ребалансот е подготвен во услови на зголемена глобална економска и геополитичка неизвесност, предизвикана од растот на цените на енергенсите, случувањата на меѓународните пазари и конфликтите во одделни региони. И покрај овие предизвици, македонската економија покажува отпорност и задржува позитивни трендови.

Како што потенцираше министерката со ребалансот, вкупните приходи се ревидираат на 379,2 милијарди денари во однос на иницијалниот Буџет за 2026 година. Даночните приходи остануваат речиси на првично планираното ниво и се проектирани на 213,2 милијарди денари.

„Со ребалансот обезбедуваме стабилност на јавните финансии, но истовремено создаваме простор за повеќе инвестиции, поголема економска активност и поквалитетни услуги за граѓаните. И во услови на глобална неизвесност, остануваме посветени на одговорно управување со јавните средства и поддршка на развојот“, истакна Димитриеска-Кочоска.

На расходната страна, како што кажа министерката вкупните расходи се ревидираат на 425,2 милијарди денари, во однос на иницијално планираното ниво, дополнителните средства се насочуваат кон јасно утврдени приоритети – обезбедување средства за земјоделски субвенции, поддршка на железничкиот сообраќај, спортот, студентскиот и ученичкиот стандард, како и дополнителна поддршка за најранливите категории граѓани преку социјалните надоместоци, народните кујни и мерките за деинституционализација.

Буџетскиот дефицит се ревидира на 46,1 милијарди денари или 4,1 проценти од БДП. За првпат, како што истакна министерката, зголемувањето на дефицитот е резултат пред сè на повисоките капитални расходи и инвестициите во инфраструктурата.

„Особено значајно е што со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции. Капиталните расходи достигнуваат околу 46 милијарди денари и се зголемуваат за околу 5,8 милијарди денари или за 14,5 проценти во однос на иницијалниот Буџет. Не зборуваме за дефицит кој финансира тековна потрошувачка, туку за дефицит кој финансира развој“, кажа Димитриеска-Кочоска.

Дополнителните средства ќе бидат насочени кон реализација на капитални проекти од стратешко значење за државата, меѓу кои се изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д, автопатот Скопје – Блаце, изградбата на железничкиот Коридор VIII, инвестициите во водоводни и канализациски системи, пречистителни станици, системи за управување со отпад, проекти за енергетска ефикасност, изградба и реконструкција на училишта, градинки, студентски домови, како и инвестиции во руралниот развој и модернизацијата на земјоделството.

„Значително се зголемуваат и средствата за капитални проекти во општините преку инвестиции во локална патна и комунална инфраструктура, образовни и спортски објекти, со што се обезбедува рамномерен регионален развој и подобар квалитет на живот за граѓаните во сите делови на државата“, кажа министерката.

Буџетскиот дефицит и обврските за отплата на долг во вкупен износ од 76,4 милијарди денари ќе се финансираат преку комбинација на домашно и странско задолжување. Притоа, над 54 милијарди денари се наменети за редовно сервисирање на обврските кон странските кредитори, а околу 20 милијарди денари за отплата на домашниот долг.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Тоневски: Пробиштип ја гради иднината со младите, усвоен Акциски план за 2027/2028 година

05.11.2026

Мицкоски за „Алта банка“: Штедачите ќе бидат обесштетени до последниот денар – Можни се 2 сценарија за надминување на состојбата

05.11.2026

Проданоски: Прилеп е домаќин на меѓународна конференција за здравствени и социјални услуги

05.11.2026

Коњановски: Навремената реакција на терен е приоритет за зимската служба во Битола

05.11.2026

ЕУ бара усогласување со политиките за критични суровини, Македонија треба да го отвори патот за нови рударски инвестиции

05.11.2026

Пониски приходи и добивка на Реплек, со раст на домашната продажба

05.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

(ВИДЕО) Колапс на границата меѓу Хрватска и Црна Гора: Колони над 20 километри, чекање и до 28 часа

(ВИДЕО) Колапс на границата меѓу Хрватска и Црна Гора: Колони над 20 километри, чекање и до 28 часа

3 месеци ago

Проданоски: Карпалак е симбол на храброста, пожртвуваноста и љубовта кон татковината

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Мицкоски за врсничкото насилство во Тетово: Одговорност треба да има и за напаѓачите и за родителите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Подобра инфраструктура и поедноставни процедури за раст на компаниите во Боговиње

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израелски и македонски хирурзи извршија 16 операции за повредените во трагедијата во Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Алта банка“ ќе работи и во сабота: Во Битола веќе се исплатени 556 пензионери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тоневски: Пробиштип ја гради иднината со младите, усвоен Акциски план за 2027/2028 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.