вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да промени знаме и име, а сега се бара да прифатат дека не се Македонци

by Redakcija
24.06.2026
in Балкан

Screenshot

Поранешниот министер за надворешни работи на Турција и шеф на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, Мевлут Чавушоглу, порача дека Европската Унија треба да биде поотворена и поискрена во односот кон земјите кандидати за членство.

На меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ во Скопје, тој истакна дека ЕУ мора да ги отвори своите институции за државите кои ги исполнуваат критериумите, без дополнителни политички условувања.

Чавушоглу оцени дека кон Македонија биле поставувани низа барања кои, според него, излегуваат надвор од вообичаените преговарачки рамки, вклучувајќи промена на државното име, знамето, како и, како што рече, притисоци поврзани со националниот идентитет.

„Од Македонија се бараше да го промени знамето, името, а сега се бара да прифатат дека не се Македонци. Тоа е нечуено и спротивно на основните вредности на ЕУ“, изјави Чавушоглу.

Тој додаде дека ваквите условувања се нефер кон македонскиот народ и можат да создадат дополнителни поделби во регионот. Според него, Европската Унија треба да го задржи фокусот на критериумите од преговарачките поглавја и да избегнува политички наметнувања надвор од нив.

Во своето обраќање, Чавушоглу нагласи и дека Турција останува посветена на соработката и стабилноста на Западен Балкан, како и на поддршката на евроатлантските интеграции на регионот.

Тој посочи дека Балканот има значаен економски и геостратешки потенцијал како мост меѓу Европа и Азија, додавајќи дека идните транспортни и трговски коридори ќе ја зголемат неговата улога во глобалните текови.

На крајот, Чавушоглу порача дека и самата Европска Унија има потреба од реформи, за да остане атрактивна и конзистентна за земјите кои се стремат кон членство.

…

Related Posts

Претседателот на „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, на средби со претставници на ФУЕН

21.09.2026

Грција ќе дава до 10.000 евра помош за семејства кои ќе се преселат во пограничните области

21.09.2026

Македонците во Мала Преспа го одбележаа Раѓањето на Пресвета Богородица на островот Мал Град

21.09.2026

Македонци од Пиринска Македонија се собраа кај Кремен на панихида за жртвите од 1924 година

21.09.2026

Келин Ѓорѓеску приведен во Романија: Се истражува измама тешка 1,1 милион евра

21.09.2026
Трагедија кај водопадот Савица: Ги слушнал вресоците на седумгодишниот син, тргнал по него и загинал

Трагедија кај водопадот Савица: Ги слушнал вресоците на седумгодишниот син, тргнал по него и загинал

20.09.2026

Препорачани Вести

Кумановка ја нападнала мајка си и демолирала дел од домот, приведена од полицијата

3 месеци ago

ТОНЕВСКИ: Хумано решение за бездомните животни преку регионален стационар

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Литванија ја отвора вратата за нуклеарно оружје: Историски чекор на парламентот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Македонија е дел од глобалниот дијалог за економскиот раст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште 200.000 евра откриени на Табановце: Парите биле сокриени во торби и куфер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Отвораме нови можности за австралиски инвестиции во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,76 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.